Skip to main content

Ознака: hotel

Во петок се отвора новиот Boutique hotel & bar Mozzafiato

Post Views: 148 Угостителската понуда во Охрид од овој петок, први ноември ќе биде побогата со уште еден репрезентативен објект – новиот Boutique hotel & bar Mozzafiato.– Станува збор за објект кој е лоциран на Кеј „Македонија“, во срцето на градот. За гостите од земјата и светот се нудат осум луксузни апартмани, кои имаат своја приказна и се посветени на некои од најголемите имиња во филмската индустрија – Al Pacino, Monica Bellucci, Angelina Jolie, Johnny Depp, Robert De Niro, George Clooney, Marilyn Monroe и James Bond 007. Секој викенд ќе имаме забави со...

Продолжи со читање

Хотел Палас нема да исчезне

Post Views: 141  Управата за заштита на културното наследсто стави рака врз хотелот Палас. Ќе го штити  и чува  карактеристичниот  архитектонски објект, белег на  архитектурата од периодот 1952 -1957 година, проектиран од дип. архитект Едоми Хевц. Решението за  привремена заштита од втор степен е издадено пред шест месеци. За една година треба да се изготви Елаборат за хотелот со кој ќе се издаде трајно решение за заштита. Од хотелот нема да направиме  музеј или да им се одземеме на сопствениците, со решението се ограничуваат интервенциите кои можат да се преземат врз објектот објаснува...

Продолжи со читање

(видео) Парк не падна од прва

Post Views: 124 Специјален тим за минирање од вчера на пладне беше на терен. Најпрво го обезбедија теренот, а потоа го поставија експлозивот за безбедно рушење на хотелот Парк. Добрите познавачи на градежништвото велат дека во периодот од 40 години од кога првично е изграден овој хотел не била забележана ниту влага ниту мувла што зборува дека се работи за многу цврста градба. Точно заради тоа, како што ТВМ неодамна објави бил отежнат целиот процес околу рушењето на хотелот.Уривањето започна со минирање на главната зграда за што специјализирана компанија употребила 108 кг. експлозив....

Продолжи со читање

„Парк“ во луксузно светло

Post Views: 166 Ќе никне луксузен апартмански комплекс. Познатиот хотел „Парк“, деновиве се руши. Не стивнуваат бројните гласини во охридската чаршија дека на овој локалитет не биле средени имотно правните односи за она што во иднина треба да се изгради на ова место. Инвеститорот „Градежник“ кој ја откупил локацијата од „Инекс Горица“ вели дека сопственоста на земјиштето 100% била средена и додаде дека во денешно време законот е строг и никој не би рискирал кога се работи за голема инвестиција. „Атрактивната локација „Парк“ купена на лицитација за три и пол милиони евра. На ова место...

Продолжи со читање

Договор за светски проект

Post Views: 138 Угледен бизнисмен иселеник од Македонија ќе инвестира 33. милиони долари во Охрид. На местото на бараките кај Трудбеник ќе никне хотелски комплекс „Окото на Охрид“. Денеска потпишан и договорот на двајцата приватни партнери за реализација на овој проект.„Око на Охрид“. Потпишан договор за реализација на хотелски комплекс. Директорот на Трудбеник Ацо Спироски и Спиро Трајчевски директор на американска фирма ќе инвестираат во Охрид. Станува збор за 33 милиони долари, со кој пари на местото кај бараките на Трудбеник ќе се изгради елитен хотелски комплекс. Дојде време...

Продолжи со читање

Единствениот хотел за хендикепирани лица е со лоша инфраструктруа

Post Views: 155 На охридското крајбрежје единствениот хотел во земјава за хендикепирани лица во населбата Далјан се соочува со сериозен проблем од областа на инфраструктурата, вели управникот на објектот Славица Стефаноска. Глувите и слепите лица, како и оние со телесен хендикеп тешко доаѓаат по  неосветлен  пат и необележана раскрница до хотелот кажува Стефаноска.Од локалната самоуправа ветуваат дека пред почетокот на туристичката сезона проблемот ќе биде решен и  гостите кои ќе претсојуваат тука ќе бидат побезбедни. Дел од патот се наоѓа под ингеренции на локалната ,а дел на Агенцијата...

Продолжи со читање

Ќе се уредува малото пристаниште пред х.Палас

Post Views: 163 Локланата одамна знае како треба да изгледа, но министертсвото за транспорт и врски не одобрува градежни зафати во езерото. Св.Климент, Св Наум и ангел, како излегуваат од вода. Ваково спомен одбележје треба да се прави на малото пристаниште наспроти хотелот Палас. Се работи за споменик кој е веќе готов, но нема одобрение да се постави. Министерствата за транспорт и врски и за животна средина не даваат зелено светло, за изведување на градежни зафати во езерото.Споменикот е дело на познатиот Украински уметник Анатолиј Гајдамака, а финансиран е од Украинската влада....

Продолжи со читање

Групацијата „Хилтон“ влегува во Македонија

Post Views: 161 Светски познатиот бренд Хилтон влегува во Македонија со потпишување договор за франшиза за отворање ексклузивен Double Tree By HILTON во Скопје, со Stone Bridge Hotel. Хотелот, што ќе се гради во населбата Аеродром покрај кејот на Вардар, спроти Универзитетот ФОН, треба да почне со работа на почетокот на 2016 година. Според најавите, новиот хотелски објект ќе содржи 172 елитни соби, вклучувајќи 20 апартмани, како и 1.400 метри квадратни простор за организирање настани, поделен на два големи салони, и дополнителни три конференциски сали. Треба да содржи и бизнис центар,...

Продолжи со читање

„Го сакам БИСЕР“ порачува Величе Шумуликоски

Post Views: 203 Шумоликоски сигурен e дека влегува во дијалог за стопанисување со хотелот „Бисер“ каде состојбата е чиста. Тој, гледа добра иднина за развој на туризмот во Струга и рече, „Хотелот „Бисер“ мора да претрпи детално реновирање бидејќи планирам Европските тимови да ги донесам тука“.Македонскиот реперезентативец не се откажува од своите планови на полето на спортот. Сите зафати околу хотелот кои тој планира да ги направи ќе му ги препушти на татко му а тој само финансиски ќе учествувал, вели тој. Неговите планови се во хотелот „Бисер“ да инвестира 2-3 милиони евра.{loadposition...

Продолжи со читање

Нашиот Охрид во конкуренција за најдобар мал град во Европа за 2014та

Post Views: 159 Македонскиот и светскиот бисер, нашиот неповторлив Охрид се најде во конкуренција за најдобар мал град во Европа за 2014та година. Дали Охрид ќе ја понесе престижната титула се одлучува со гласање доколку ги посетите сајтовите globalgrasshopper и hotel.info кои важат за едни од највлијателните веб портали за патувања. За Охрид можете да гласате на порталот hotel.info, а директен конкурент на нашиот град е унгарскиот Егер. Globalgrasshopper во описот на Охрид  напишал: „Охридското езеро е еден од најубавите предели во Македонија, па не нè изненадува што е најфотографираното...

Продолжи со читање

Г.г. Стефан проговори за договорот со Тема за хотелите Изгрев и Бисер

Post Views: 153 Поглаварот не го коментираше сомнителното потекло на австралијанскиот бизнисмен за кој се обелодени дека се соочил со повеќе кривични пријави за тепачки и насилство. Договорот со Мајкл Тема вреден 83 милиони евра е потпишан во согласност со владиците – тврди Поглаварот Стефан. По подолго избегнување на медиумите, Архиепископот проговори дека договорот бил повеќе од добар, а македонскиот печалбар од Австралија, струшките хотели требало да ги преземе откако МПЦ ќе ја раскине соработката со браќата Миладинови, кои токму за аферата Изгрев добија 6, 5 години затвор.„Тој...

Продолжи со читање

Струга ќе добие своја национална бавча

Post Views: 154 Струшки ќепенци- е името на Националната бавча која од вечерва е отворена за секој гурман и вљубеник во традиционалниот македонски амбиент. Во склоп е на хотел Дрим и ќе биде отворена за сите, а не само за гостите кои престојуваа во овој хотел.Наша цел е да ја збогатиме туристичката понуда, која за жал години наназад не се променала. При тоа, на гостите да им понудиме јадењата кои ги правеле и нашите баби, велли Тоше Чочороски, менаџер на х. Дрим. Националната бавча ќе работи секој ден од 10 до 24 часот. Кон убавиот амбиент ќе придонесат и звуците на староградската...

Продолжи со читање