Skip to main content

Ознака: den

Одбележување на Светски ден на храната

Post Views: 158 Министерот за здравство Бујар Османи денеска ќе учествува во одбележувањето на Светкиот ден на храната, кој ќе се одржи во Куршумли Ан, во Старата скопска чаршија. Во рамки на манифестацијата, граѓаните ќе имаат можност за бесплатни лекарски прегледи, дегустација на традиционална храна, а предвидена е и изложба на традиционални садови во домаќинството.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Светски ден на пешачењето

Post Views: 180 Светскиот ден на пешачењето денеска ќе се одбележи во Скопје.Главниот град на Македонија со тоа ќе се вброи меѓу метрополите на 72 земји од светот кои што под покровителство на Светската Здравствена Организација го одбележуваат овој ден.Светскиот ден на пешачењето ќе биде одбележан во организација на граѓанското здружение ГАРД и Универзитетот ФОН, под покровителство на Македонскиот Олимписки Комитет, Агенцијата за млади и спорт и Амбасадата на Република Словенија.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Европскиот ден на јазиците

Post Views: 160 Европскиот ден на јазиците – 26 септември се одбележува со предавање на тема „Повеќејазичноста како придобивка на Европското семејство “.Предавањето го организираат Секретаријатот за европски прашања во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје На предавањето, како што е најавени, свои излагања ќе имааат заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Васко Наумовски, Патрик Паке, претставник...

Продолжи со читање

Меѓународен ден без автомобили

Post Views: 169 Карван од велосипеди ќе врви денеска низ скопските улици во знак на одбележување на Меѓународниот ден без автомобили.Предвидено е карванот да тргне од пред градските бараки и ќе се движи кон трговскиот центар „Буњаковец“ каде што ќе биде презентирано паркиралиште за велосипеди. Централниот настан „Со велосипед е во ред! а каде да паркирам?“ треба да се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје.Целта на целиот проект е да го промовира велосипедот како рамноправно транспортно средство во урбаните средини и преку конкретни акции и поставување паркиралишта за велосипеди...

Продолжи со читање

Одбележување на денот на АРМ

Post Views: 152 Денот на АРМ – 18. август ќе биде одбележан денеска со свечено престројување на вработените во Министерството за одбрана и на Генералштабот (ГШ).Според најавите, на свеченоста ќе бидат прочитани наредби за унапредување и стимулативни мерки по повод Денот на АРМ за припадниците на АРМ и Министерството за одбрана, а ќе бидат доделени плакети и благодарници за надворешните соработници.Пригоден говор пред присутните ќе одржи Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, а на свеченоста ќе присуствуваат и Министерот за одбрана Зоран Коњановски,...

Продолжи со читање

Отворен ден на МОН во Охрид

Post Views: 211 Отворен ден на Министерството за образование и наука(МОН) се одржa денеска во Охрид.Целта на средбата е граѓаните а дадат свои предлози и сугестии за решавање на одредени проблеми во образованието.Иако во сенка на денешниот маратон се одржа отворен ден на МОН. Посетителите засегнати со свои проблеми, дадоа одредени сугестии за за решавање на одредени прашања  во врска со образованиот процес.Согласно конкурсот објавен од МОН во првиот уписен рок се запишани 92% од учениците кои следат настава на Македонски јазик. Во министерството се презадоволни од овој резултат и...

Продолжи со читање

Последен ден за пријавуваање во средните училишта

Post Views: 135 Второто пријавување во првиот уписен рок во средните училишта во Македонија денеска завршува, прелиминарните резултати се очекуваат утре.Вкупно 19 302 слободни места има за во второто пријавување во првиот уписен рок во Македонија. На македонски наставен јазик има 10 391 слободно место, на наставен албански јазик има 8083 слободни места, за наставата на турски јазик има 693 слободни места, како и 135 слободни места за повторувачите. Во Град Скопје, има 5113 слободни места. За наставата на македонски јазик има 1962 слободни места, 2822 а албански наставен јазик, додека...

Продолжи со читање

Македонија го одбележува Денот на Европа

Post Views: 111 Денот на Европската унија – 9 Мај, во Македонија се одбележува со голем број активности преку кои се приближува пораката на ЕУ до македонските граѓани и се запознаваат со приближувањето на земјата кон полноправно членство во Унијата.Европа денеска го одбележува својот ден – 9 Мај, европски симбол, што заедно со заедничката валута – еврото, знамето и химната, го претставуваат политичкиот идентитет на Европската унија. На овој ден во 1950 година Роберт Шуман го презентираше предлогот за создавање на обединета Европа, како опција за одржување на мирот...

Продолжи со читање

МВР го одбележува Денот на македонската полиција – 7 Мај

Post Views: 144 Со низа манифестации денеска и утре ќе биде одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција. По тој повод министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ќе присуствува на отпочнувањето на кампањата „Денови на безбедноста“ што ја организира Комората за обезбедување на лица и имот на Република Македонија, а во касарната „Ѓорче Петров“ ќе биде организирана крводарителна акција на припадниците на Министерството за внатрешни работи која ќе ја посети директорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски. Утре, делегација предводена од министерката...

Продолжи со читање

Утре се одбележуваа Светскиот ден на слободата на печатот

Post Views: 172 Светски ден на слободата на медиумите 3 Мај, кој се одбележува утре е посветен на фундаменталните принципи за слобода на печатот и одбрана на медиумите од нападите врз нивната независност.Целта е да им се оддде признание и на новинарите кои ги загубија животите вршејќи ја својата професионална должност. Востановен е во 1993 година од страна на Генералното собрание на ОН по препорака на генералната конференција нa УНЕСКО во 1991 година. На овој ден Светската организација за образование, наука и култура ги собира професионалците новинари од цел свет на конференција со...

Продолжи со читање

Први Мај – Меѓународен ден на трудот

Post Views: 296 Денот на трудот е меѓународен празник кој се одбележува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се празнува на првиот ден од мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. Целта на штрајкот на околу 40.000 работници била да се издејствува воведување осумчасовен работен ден.  Полицијата употребила сила и имало жртви. Организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а  четворица од нив биле погубени. Во спомен на жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот основачки...

Продолжи со читање

Светски ден на танцот

Post Views: 151 Овој ден е посветен на танцот, на неговата неизмерна количина на дијалекти и неговата огромна моќ на изразување, преобразбра, единство и радост.Меѓународниот ден на танцот е посебен ден,  посветен на секое тело, без разлика на верата, бојата и културата кое ги преобразува традициите од минатото во приказни на сегашноста и во соништата на иднината.Ова во меѓународната порака по повод Светскиот ден на танцот – 29 април го истакнува лондонскиот кореограф  Акрам Кан. Во македонската порака за овој ден, кореографката Рисима Рисимкин, уметнички директор на „Танц фест...

Продолжи со читање