Skip to main content

Ознака: Debrca

По партизанските патеки

Post Views: 89 По повод јубилејот 65 години од победата над фашизмот, Сојузот на борците од НОАВМ од Охрид и Дебрца и Советот на Општинската организација на СДСМ од Охрид организираа марш до споменикот на паднатите борци во селото Белчишта.По партизанските патеки на Дебрца вчера тргнаа над 700 учесници. Покрај неколкумината преживеани учесници од НОБ, на маршот му се приклучија и подржувачите на традициите на НОБ. Маршот кој беше поддржан од локалните самоуправи од Охрид и Дебца, започна утрото во 10 часот од Ново Село, а негова крајната дестинација беше Споменикот на паднатите борци...

Продолжи со читање

Дебрчани не сакаат депонија во свој атар

Post Views: 172 „Депонија во Општина Дебрца не треба да има“, дециден градоначалникот, Љупчо Којчиноски. Тој има поинаква визија за тоа каде треба да биде лоцирана регионалната депонија.Иако селото Арбиново е една од локациите каде се предлагаше да никне регионална депонија во југозападниот плански регион, мештаните не сакаат ниту да слушнат за реализација на оваа идеја. Објаснуваат дека станува збор за простор идеален за развивање на еколошкиот туризам и органско земјоделство, а со изградбата на депонијата би станал синоним за депонија. Градоначалникот на Дебрца Љупчо Којчиноски...

Продолжи со читање

Треба да се гради депонија или не?

Post Views: 115 Се посилни реакциите околу можната изградба на регионалната депонија во Дебрца. ТвМ побара стручно мислење за реперкусиите кои би ги предизвика изградбата на оваа депонија.Апропо реакцијата на група граѓани на општина Дебрца објавена во вчерашното издание на дневникот на ТвМ, нашата куќа побара стручно мислење во врска со можните последици кои би ги предизвикала изградбата на регионална депонија на овој простор. Според инжињерот по животна средина Ѓоко Зороски изборот на локацијата е несоодветен. Зороски додава дека станува збор за сливно подрачје на Охридското езеро,...

Продолжи со читање

Проблемите на Дебрца

Post Views: 106 Нема органзиран откуп на земјоделските производи во општина Дебрца се жалат жителите.На само 25 километри од Охрид е селото  Белчишта  едно од 30-те населени места во општината Дебрца. Во него живеат околу 350 жители кои претежно се занимаваат со земјоделство и помалку со сточарство. Белчиштани порано имале сигурен, организиран откуп на производите од селската задруга, а сега се препуштени сами на себе. Немаат пласман на производите, а градот им е далеку за да го продаваат она малку што ќе го произведат објаснуваат жителите. Земјоделците кои произведуваат компир, пченка,...

Продолжи со читање

Поднесени советничките листи за Охрид и Дебрца

Post Views: 152 Општинската изборна комисија го ждребува редоследот на кандидатите на гласачките ливчиња за градоначалници и носители на советнички листи. Општинската изборна комисија го изврши  ждребувањето на редоследот на кандидатите на гласачките ливчиња за градоначалници и носители на советнички листи во присуство на овластените преставници од партиите.Во трката за градоначалничката функција на престојните локални избори од шесте кандидати прв на листата за гласање е Васви Доко од  Партијата Нова Демократија: Втор по редослед е кандидатот за градоначалник Боро Павлоски од ЛДП,...

Продолжи со читање

ВМРО- Народна партија ги објави листите на советници за Охрид и Дебарца

Post Views: 246 ВМРО- Народна партија ги објави конечните листи за советници со кои ќе настапи на претстојните локални избори во општините Охрид и Дебарца. „ Успешно ја спроведовме процедурата без никакви проблеми“, рече претседателот на ОК на ВМРО- НП, Ванчо Костоски. На листите за советници се наоѓаат луѓе со високи морални и интелектуални вредности, познати и признаени во средината во која живеат и работаат. Воедно луѓе кои знаат да одговорат на потребите на граѓаните и да придонесат за покваллитетно работење на советот, велат од ВМРО- НП.„На овие избори согласно и досегашната...

Продолжи со читање

Пензионерите од Охрид и Дебрца денеска седнаа на заедничка маса

Post Views: 186 Пензионерите од Охрид и Дебрца денеска  ја одржува  шестата редовна седница. На дневен ред беа измените и дополнувањата на Статутот, а  се расправаше и за сработените обврски на телата на здружението. Пензионерите дискутираа и околу Одлуката за предвремено финансирање во првиот квартал од идната година. На ова седница неминовно се проговори и за понатамошниот начин на собирање на средствата од солидарниот фонд. Охридското здружение конечно ја прифати одлуката овие средства да бидат прибирани преку фондот на ПИОМ, вели претседателот Ѓорѓи Трпчевски. Тој објаснува дека...

Продолжи со читање

Во Охрид и Дебрца ќе се бара најстариот жител или жителка и парот со најдолг брачен стаж

Post Views: 237 За прв пат во општините Охрид и Дебрца се објавува конкурс во кој се бараат најстариот жител или жителка и пар со најдолг брачен стаж. Оваа идеја доаѓа од креативните активисти на Црвениот крст од Охрид, а во пресрет на одбележување на неделата за грижа на старите лица од 5 до 12 декември. Ги повикуваат сите кои познаваат лица кои ги исполнуваат овие критериуми од нивното семејство, соседството, роднините или пријателите да ги пријават или да им кажат да го направт тоа. Од Црвениот крст велат  дека намерата им била  активно одбележување на неделата за грижа на старите...

Продолжи со читање

Дебрца денес прославуваше

Post Views: 130 65 годишнината од создавањето на првата слободна територија во окупираната Македонија денес беше свечено одбележана во Дебрца. 65 годишнината од создавањето на прва слободна територија во окупираната Македонија денес беше свечено одбележана во Дебрца. „Херојските дела и историските настани на ова подрачје остануваат вечно во колективното паметење на македонскиот народ“, беше речено на денешниот собир. Од славната Дебрца беше порачано дека некои настани од нашето минатао  ништо не може да ги избрише. Како историска придобивка беше истакната работата на училиштата на...

Продолжи со читање