Skip to main content

Ознака: Struga

Струга не е подготвена за развој на општината

Post Views: 157 Нема конкретни готови проекти кои треба да се достават до министерството за економија, со цел предвреме  да се изработи  годишниот буџет на општината.Економскиот развој на општина Струга доведен до прашање. Министерството за економија воведе нов начин за изготвување на општинскиот  буџет. Ресорното министерство  бара од секоја општина да достави план и програма со конкретни проекти за развој на градот за наредната година. Рокот до кога треба да се аплицира во ресорното министерство е 15-ти Ноември. Ова е речиси невозможен термин за доставување на потребната докумнетација,...

Продолжи со читање

Со Струга ќе раководи градоначалник од ДУИ, оптимисти се од партијата

Post Views: 137 Во јавноста кружат потенцијални имиња на кандидати за оваа функција. Од таму велат сеуште е рано за подготовки, во моментов се преокупирани со избор на челник на партијата.Струшкиот огранок на ДУИ ги интензивира подготовките за претстојните локални избори. Иако од таму велат дека сеуште е рано да се прецизираат активностите за реализирање  кои им се на приоритетната листа,  сепак во јавноста веќе кружат шпекулации кои би биле потенцијалните кандидати за градоначалник од оваа партија. Се шпекулира дека интерес за кандидат за градоначалник на општина Струга од редовите...

Продолжи со читање

Вмро-Дпмне од Струга неуморно се подготвува за престојните парламентарни избори

Post Views: 174 Во тек е анкетирање за потенцијални кандидати за градоначалник. Ќе се бара лице во кое имаат доверба сите македонци. Само на тој начин  во Струга ќе се постави градоначалник македонец, сметаат од партијата.По победата на парламентарните избори, Вмро Дпмне во Струга со полна пареа работи за претстојните локални. Општинскиот огранок на партијата веќе подолг период интензивно ја подготвува предизборната кампања. Во јавоста веќе кружат имиња на потенцијални кандидат за градоначалник на Струга од оваа партија. Неофицијално се споменуваат  имињата на Атанас Миладинов, Д-р ...

Продолжи со читање

Во Струга, четири пациенти прво се откажале а потоа го пролонгирале примањето на вакцината HPV

Post Views: 178 Тоа го направиле по  консултација со матичен доктор. Од „Превентива“ појаснуваат дека станува збор за недоволна информираност. Четири девојциња се откажале од примање на вакцината  против хуман папилома вирусот во гинеколошката оргинација „Превентива“. Тие  претходно закажале во ординацијата и биле запишани на листата за чекање, но потоа го пролонгирале датумот. Четирите пациентки така постапиле по  консултацијата со своите матични лекари,  за тоа колку вакцината  е од корист или штета за девојчињата. Матичните лекари ги советувале дека вакцината против Хуман Папилома...

Продолжи со читање

Денес средношколците во Струга се вратија на настава

Post Views: 173 Иако вчера, дел се обидоа да бојкотираат, бидејќи не се воведе јазична смена, сепак денес речиси сите ученици се вратија на настава.По вчерашниот бојкот на наставта од страна на дел од учениците македонци, денес речиси сите се вратија во училишните клупи. Ова го потврдија двајцата директори  истакнувајќи дека учениците сфатиле оти реално во моментов нема услови за јазични делби. Вечера  поголем дел од гимназијалците во „Ибрахим Темо“ од македонски наствавен јазик, во знак на незадоволство не сакаат да се вратат во клупите. Речиси истата ситуација, но со помал број...

Продолжи со читање

Струга е ризично подрачје кога станува збор за трговијата со деца

Post Views: 146 За да се намали оваа појава, недостасува поголема ажурност од ресорното министерсво, советуваат невладините организации. Од министерството за труд и социјална политика пак  велат дека со полна пареа работат на решавање на овој горлив проблем.Струга станува ризично подрачје во Македонија кога станува збор за трговијата со деца. Македонија не е повеќе земја на транзиција туку станува земја на потекло во злоупотреба на децата. Состојбата се повеќе се влошуваво земјава, и  Струга покрај другите градови  е место кое директно е инволвирано во вакви проблеми. Оваа го потврдуваат...

Продолжи со читање

Детската недела се одбележа и во Струга

Post Views: 153 Родителите од децата од предшколските установи донираат облека со цел да им се помогне на оние деца од општина Пустец.Детската недела не ја заборавија Стружани. Предшколската установа 8-ми март со бројни активности ги обележа деновите посветени за детето. Членовите во детската градинка “Сонце“ како и „Пеперутка“ кои се во склоп  на „8-ми Март“ во текот на оваа недела се запознаваа со своите права и ја одбележаа со неколку активности.Во склоп на „Детската недела„ предшколската установа организира и хуманитарна акција. Родителите на децата кои се членови во градинките...

Продолжи со читање

Средношколците од „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ ќе се препознаваат по различната школска униформa

Post Views: 147 Средношколците од  училиштата „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ денес седнаа на иста маса да дебатираат како треба да изгледа нивната школска униформа. Униформите ќе се различни, но другарството ќе остане исто, велат средношколците.Средношколците од „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ ќе се препознаваат по различната школска униформа. Ова е само еден начин за намалување на проблемите кои настанаа во овие средношколски установи и кои се провлекуваа во текот на минатата школска година.Во овие две средни училишта и досега имало школска униформа, но учениците не ја употребувале...

Продолжи со читање

Во Струга, работа бараат околу девет илјади лица

Post Views: 159 Во општина Струга 8850 лица  бараат работа. Деловните субјекти очекувале во периодот од 2006 -2008, тенденција на зголемување на бројот на невработеноста. Сепак статистичките податоци покажуваат намалување кое се должи на вработувањата пред се во малите претпријатија, вели  Владислав Жупан сектор за Локален развој Струга. Тој додава дека изготвиле анализа на локалниот пазар на труд и насоки од акциониот план по кој ќе  работат за понатамошно намалување на невработеноста.Во општина Струга во Центарот за вработување се евидентирани околу 5000 невработени млади луѓе и...

Продолжи со читање

Крајбрежјето на потегот Струга-Калишта, воопшто не е заштитено

Post Views: 179 Поради тоа, еколошкото друштво „Енхалон“ има изготвено проект, но надлежните ниту го прифаќаат ниту го одбиваат. Доколку не се заштити овој дел од крајбрежјето, се заканува уништување на локвањот и трската, предупредуваат од „Енхалон“.Живиот и растителниот свет на потегот од Струга па се до село Калишта воопшто не е заштитен. Овој дел кој изобилува со големо природно богатство е оставен на милост и немилост, кажува  екологот,  Мате Гогоски. Револтиран од ваквата ситуација, тој лично има изготвено проект кој предвидува заштита на подрачјето. Гогоски вели дека во моментов...

Продолжи со читање

Денес се состанаа и струшките советници

Post Views: 625 Побараа од комуналните инспектори повеќе да се ангажираат. Меѓу другото, забележаа дека недостасува поголема евиденција на приватното сместување.Денешната седница на советот на општина Струга помина со малку дискусија. Се расправаше за тоа  колку од угостителите платиле за користење на јавната површина за време на летната сезона. Претседателот на комисијата за комунални дејности јавно кажа дека не бил задоволен од извештајот и правилникот за користење на градежното уредено земјиште на подрачјето на општина Струга,  кој до советот го доставиле комуналните инспектори....

Продолжи со читање

Со владиниот проект, Струга ќе добие најмалку пет спортски сали

Post Views: 168 Во Општина Струга ќе се градат нови спортски сали. Градот е влезен во владината програма за изградба на 100 спортски објекти. Конкретно за  Струга се  одбрени најмалку пет спортски сали. „Ние успеавме да добиеме одобрение за пет сали, додека две се во прашање. Приоритет ќе биде Основното училиште „Јосип Броз Тито“, бидејќи таму децата наставата по физичко образование ја одржуваат под отворено небо“-истакна Џејми Хајредини, раководител на одделението за образование Струга.Покрај основното училиште Јосип Броз Тито, нови спортски сали се предвидени да се изградат во основните...

Продолжи со читање