Skip to main content

Ознака: turisticki

Туристичките работници од Балканот се собраа во Струга

Post Views: 141 Преку туристичка берза се презентираат пропагандни материјали од капацитети со кои располага земјава, но и соседните држави.Освен балканските, и  европските земји се повеќе се заинтересирани да го посетат Охридско-струшкиот регионЗа да се привлечат повеќе гости и да се остварат нови бизнис контакти со земјите од Балканот, во Струга по трета година се организира  туристичка берза (Work Shop) „Tour Ex Yu 2008“.Средбите се со цел купопродажба на аражмани, на сличен начин како оние берзи кои се организираат во големите европски туристички центри. Очекувањата на иницијаторот...

Продолжи со читање

Ставени во „ѓонија“ дивите туристички агенции

Post Views: 105 Пазарните инспектори во акција за откривање на диви туристички агенции. При контролата, инспекторите, утврдиле дека две агенции не работат според Законот за туризам. Незаконските агенции заработиле глоба во висина од 4100 евра. Во контролата биле прочешлани и училиштата кои организарале училишни екскурзии. Во три од нив било откриено дека патувањата ги организирале токму дивите агенции, вели Ѓорѓи Бошалески, раководителот  на подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат. Тој објаснува  „станува збор за физички лица кои посредуваат при сместување не само во своите...

Продолжи со читање

Обучени туристичките водичи од Охрид и Струга

Post Views: 102 Туристичките водичи од Охрид и Струга се здобија со нови знаења во својата област. Туристичките водичи од Охрид и Струга се стекнаа со нови знаења. На интерактивна обука тие презентираа свои сознанија за пристапот кој го имаат кон туристите. Размената на искуства и знаења, ја спроведоа стручни лица од ФТУ. Инструктор на туристичкото водење во доменот на природните вредности, беше проф. Науме Мариноски. Проф. Сашо Коруноски ги презентираше културните вредности, комуникативните активности  беа спроведени од страна на експерти од областа на оваа проблематика, а промотивните...

Продолжи со читање

Охрид конечно доби туристички совет

Post Views: 156 Во Охрид се формира  туристички совет во кој има преставници од Хотам, Атам, туристички водичи, угостители и сите останати чинители на туризмот. Целта на овој совет е обединување на туристичките работници во едно тело за да ги  решат натрупаните проблеми во  сите сегменти од туризмот на локално ниво вели Зоран Стрезоски директор на  Агенцијата за промоција на туризмот. Големиот број проблеми ,натрупани со години нанзад ги седна на иста маса  преставниците од сите туристички сегменти. Обединети ќе бараат начин за решавање на проблемите кои со години се провлекуваат...

Продолжи со читање

Охрид се промовира на туристичкиот саем во Крагујевац

Post Views: 96 Охрид, како туристичка дестинација, се престави на сопствен штанд на првиот меѓународен саем за туризам во Крагујевац. Презентацијата на Охрид беше од страна на одделението за туризам при Секторот за локален економски развој. Тие саемот го оценуваат како мошне успешен. На охридската ривиера последните неколку години најбројни се  туристите од нашиот северен сосед. Србите повторно  покажаа голем интерес за летување во нашиот град вели Весна Анѓелеска  од општинскиот сектор за туризам. Промотивен туристички материјал имаше доволно додава Анѓелеска. На Саемот се преставија ...

Продолжи со читање

Глоба за неплатена такса

Post Views: 118 Против лицата кои немаат извршено категоризација согласно законот ќе се превземаат казнени мерки, велат од туристичкиот инспекторат.Комисијата за категоризација при Секторот за туризам и локален економски развој продолжува со евиденција на угостителските објекти од мал обем, кои согласно Законот за угостителска дејност се обврзани да се регистрираат. Против физичките лица кои издаваат легла во сместувачките капацитети од мал  обем, а немаат извршено категоризација согласно законот ќе се превземаат казнени мерки. Парично ќе бидат казнети и правнитеи физичките лица кои...

Продолжи со читање

Секакви туристички “водичи“ шетаат низ Охрид

Post Views: 192 Бугарски и грчки туристички водичи, испревартувајќи ги фактите, им раскажуваат на гостите за културно- историското богатство на Охрид. „Ова особено е чест случај за време на викендите кога надлежниот инспектор не работи“ , објаснуваат од Здружението на туристички водичи- Охрид. „ Ние сме најзасегнати бидејќи ни ја земаат работата“, вели претседателот на здружението, Стевчо Каневче.Од Инспекторатот по туризам признаваат дека тешко се справуваат со т.н. диви туристички водичи. „Имаме право да изречеме мандатна казна од 100 евра и глоба од 700, но ако странскиот државјанин...

Продолжи со читање

Туристички придружници

Post Views: 99 Туристичките работници незадоволни коментираат- „за жал најчесто тоа се луѓе кои не ги поседуваат потребните знаења“.Од Министерството за економија објаснуваат- „ова не е нова категорија, ново е што повеќе нема да се толерираат оние кои ќе работаат спротивно на законот“.Ќе се казнуваат Туристичките агенции чии групи ќе патуваат во странство без овластен придружник. Станува збор за лице- задолжено да ја прати групата до крајната дестинација, но не и да ја води до туристичките знаменитости на земјата. Поточно, да ги познава најзначајните туристички региони во светот и...

Продолжи со читање

Субвенции за зголемување на бројот на гости-предлог на туристичките работници

Post Views: 591 Туристичките работници предлагаат субвенции кои ќе придонесат за зголемување на бројот на странски туристи во земјава. Доколку предлогот се усвои од страна на владата, тоа ќе значи дека финансиски би се помагале субјектите кои ќе ги донесат странските гости. Се надеваат дека субвенционирањето на туризмот ќе профункционира на почетокот од идната година. Со воведување на механизми за субвенционирање на туризмот во голема мера ќе се придонесе за зголемување на бројот на странски гости во земјава- е заклучокот од вчера одржаната трибина од страна на ДОМ. На неа учествуваа...

Продолжи со читање

Во Струга туристички водич нема ни за лек

Post Views: 157 Од 4 евидентирани само еден е ангажиран и тоа само повремено. Експертите предупредуваат, Струга вака не развива туризам. Струга нема туристички водичи. Додека во Охрид има голем голем број такви лица, легални и не легални, во Струга нема. Досега до Агенцијата за развој на туризмот се евидентирани само 4 туристички водичи од Струга. Од нив, ТВм дознава дека оваа функција во моментов  ја врши само еден, и тоа ретко кога е ангажиран.Струга има голем потенцијал и актрактивности кои туристите можат да ги видат. Пожелно би било на организираните групи  детално да им ја пренесе...

Продолжи со читање

Охрид полупразен за празнициве

Post Views: 339 Значително е намален  бројот на гостите во Охрид за време на празниците во споредба со другите години.Ова во интервју за бугарската агенција Фокус го изјави претседателот на Асоцијацијата на хотелиери на Македонија, Дончо Таневски.Според информациите на Таневски за време на новогодишните празници во Охрид престојувале близу 10.000 туристи.“Станува збор за бројка помала во споредба со другите години. Можам да кажам дека кризата се одрази на туризмот во Охрид. Ако минатите години сме угостувале помеѓу 15.000 и 20.000 туристи сега таа бројка се сведува на 10.000”,  изјави...

Продолжи со читање

ВМРО ДПМНЕ од Струга ќе прави препознатлив туристички бренд

Post Views: 218 ВМРО ДПМНЕ во Струга ќе се залага покрај македонскиот и албанскиот, како официјални јазици да се воведат турскиот и влашкиот. Истакнаа дека имаат програма, со која Струга би ја направиле претпознатлив туристички бренд.„Обединети за Струга“-ова е визијата за иднината на градот,  на кандидатот за градоначалник  и советничката листа од ВМРО ДПМНЕ. Велат дека нивната програма се темели за доброто на Струга, град на поезијата, културата, мултикултурен град, општина со официјални 4 јазици, македонскиот, албанскиот, турскиот и  влашкиот. Овие заложби, да се воведат дополнителните...

Продолжи со читање