Skip to main content

Кандидатите за советници од ВМРО ДПМНЕ ги открија поблемите на велгоштани

Кандидатите за советници од ВМРО ДПМНЕ од Велгошти проговорија за проблемите со кои се соочуваат жителите на ова село.

 |  Маленкова Татјана  | 
velgosti ulici
Велгошти улици

Кандидатите за советници од ВМРО ДПМНЕ од Велгошти проговорија за проблемите со кои се соочуваат жителите на ова село.

Кандидатите за советници од Велгошти, од коалицијата „За подобра Македонија“, на пресс конференција открија дел од проблемите на жителите од ова село. Тие тврдат дека неасфалтираните улици во моментов се нивна најголема мака.  

„Патот, неасфалтирани, ископани улици. Овде луѓето секојденвно поминуваат, буквално автомобилите ги Sovetnici od Velgosti испокршија. Децата играат во кал. За овој проблем неколку пати се обративме кон сегашната локална самоуправа  за раешавање на овој проблем, но тие останаа без слух за нас. По се изгледа немаат намера ништо да превземат околу тоа, така да останаа нереализирани проектите и ветувањата на СДСМ“, вели кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ, Коста Трифуноски.

Кандидатот за советник, Илија Арнаудовски излезот од овие проблеми го гледа во промената на локалната власт. Тој тврди дека доколку граѓаните им ја дадат подршката, овие проблеми веднаш ќе станат минато.

„Тврдам дека овие патишта и оваа несредена патна инфраструктура дека ќе остане минато и ќе влезе и во програмата за Велгошти.  Доградба ќе има на канализацијата, реновирање на водводниот систем и други проекти кои се влезени во програмата за Велгошти“, вели Илија Арнаудовски, кандидат за советник од ВМРО ДПМНЕ.

Трифуноски и Арнаудовски откриваат дека овие патишта во Велгошти биле асфалтирани, па поради поставување на канализација истите биле ископани. Тие откриваат дека и покрај тоа што секогаш добивале ветувања истите до овој момент оваа локална власт останале нереализирани.

{loadposition content9}