Skip to main content

Ново тело ќе ја зајакнува комуникацијата помеѓу Владата и невладините организации

„Структурирање на дијалогот меѓу граѓанските организации и владата“, тема на националната конференција која се одржува во Охрид.

 |  Маленкова Татјана  | 
konferencija vlada i nevladini
конференција влада и невладини

Охрид домаќин на национлна конференција насловена како „Структурирање на дијалогот меѓу граѓанските организации и владата“. Учесници на конференцијата се граѓански организации  и преставници од владата и тоа од одделението за соработка со  невладини организации како и преставници од министртвото за труд и социјална политика  и од министртвото за правда.

„Идејата на конференциата е да се создаде форум за поширока дискусија меѓу граѓанските организации и konferencija vlada i nevladiniВладата околу тоа кава форма има соработката и дијалогот меѓу овие две структури. Владата на Р Македонија  има донесено нова стратегија за соработка со граѓански организации за периодот 2012 / 2017 и во таа стратегија планирано е воспоставување н советодавно тело за дијалог меѓу граѓанските оранизации и владата каде треба да бидат адресирани и прашања битни за развојот на граѓанските организации. Идејата е всушност да се видат мислењата на едната и на другата страна за тоа како тие гледаат на оваа структура, кои се очкувањата и како таа на крајот да се воспостави“, вели  советникот на проектот, Сунчица Саздовска.

На конференцијата учествуваат 85 учесници од кои најголем дел се преставници од граѓански организации од целата земја кои работат и на национално и на локално ниво. Идејата на организаторот за оваа средба е да се видат интересите на целиот граѓански сектор и да им се даде потик и подршка.   Организатор на средбата е  проектот техничка подршка за граѓански организации, проект финансиран од ЕУ.
Советодавните тела за соработка со државата и развој на граѓанкиот сектор постојат во три земји од регионов и тоа  во Хрватска, Црна Гора и Словенија. Овие тела всушност биле и дел од анализата која била направена за потребите на проектот и активностите кои се прават во рамките на проектот во соработка со Владата, бидејќи сите активности и намерата за воспоставување на Совет за соработка во Македонија е дел од стратегијата на Влада за соработка со невладиниот сектор.
konferencija vlada i nevladini
„Од анализата се покажа дека овие советодавни тела играат голема улога во зголемување на довербата помеѓу граѓанкиот сектор и државата, но влијатаат и на подобрување на правната рамка и генерално на опкружувањето за граѓанките организации во овие земји. Пр Советот во хрватска е формиран во 2002 год. Е буквално пример за сите други земји во регионот и има потикнато низа реформи за развој на граѓанкото општество во Хрватска меѓу кои воспоставување на национлната фондација за развој на граѓанкото општество  и која значително придонесува во финансирањето на граѓанките организации. Предлогот е и во Македонија да сее формира ваков совет, што значи владата има воља за воспоставување на ваоков совет“, вели преставникот на македонски центар за меѓународна соработка, Емина Мурединоска.

Граѓанските организации се сложуваат дека има потреба од формирање на совет и во Македонија, кој ќе биде со мешовит состав со ист број преставници на граѓански организации и од државни институции  кои ќе ги разговараат потребите, за развивање на граѓанкиот сектор  и ќе можат да влијаат на јакнење на довербата меѓу Владата и граѓанските организации.  Овој совет  ќе биде вклучен  и во креирање на политиките на граѓанкиот сектор во  дефинирање на приоритетите за  ИПА фондовите и финансирањето кое го прави Европската унија за граѓанските организации во Македонија.

{loadposition content9}