Skip to main content

Прв уписен рок-слободни над 1100 места во охридските средни училишта

Прв уписен рок-слободни над 1100 места во охридските средни училишта.

 

 |  Валентина Неловска  | 
upisi
upisi

Во трите општински училишта денес стартуваше првиот уписен рок за прием на завршените основци. Во општина Охрид  бројката за прием на новата генерација средношколци е 1112 ученици. За 442 завршени основци ќе има место во ОСУ „Св. Климент Охридски“, 364 места се слободни  во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, а во „Ванчо Питошески“, тој број е 306.  
upisi
Во ОСУ „Св. Климент Охридски се предвидени 13 паралеки, од кои 8 со 272 ученици за упис во гимназијата, во економската, правната и трговската струка 4 паралелки со 136 ученици, а во медицинскaта и оваа година ќе се запишат  34 ученици.
Очекувањата од уписот се пополнување на понудените места, информира  в.д директорот на ОСУ „Св. Климент Охридски“, Никола Тренески.  
upisi

 

„Стандардно, гимназиските паралеки се атрактивни. Исто така се привлечни и медицинската струка, а интерес има и за упис во економското  училиште“.
В.Д Директорот Тренески појасни дека доколку има поголем интерес за упис на ученици во медицинската паралелка, за која се потребни максимум 80 бодови , за селекција на пријавените кандидати ќе применат законски механизми.

Во општинското угостителско училиште „Ванчо Питошески“ пак, се соочуваат со мал интерес кај завршените ученици за изучување на стручните профили готвач, келнер и слаткар. В.Д. директорката Весела Темјаноска, информира дека во првиот ден од уписниот рок за 306 слободни места аплицирале само 50 ученици. Иако имаат оглас за прием на ученици за изучување на готвачи во 3 паралелки и по една паралелка слаткар и келнер, од година во година, се намалува интересот за стручно изучување на овие профили. Од оваа година имаат и две нови насоки со по една паралека за угостителски техничар за рурален туризам и хотелско-угостителски техничар за што се предвидени 68 слободни места. 68 места има и за струката хотелско-угоститесли техничар.
 
И во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ има 364 слободни места за упис за 4  стручни профили. 68 ученици ќе се примаат во машинскиот смер, 194 во електро техничката струка, а во сообраќајната струка се планирани 68 ученици. Во една паралелка од 34 ученици ќе има место за изучување на козметичкиот занает.
Во ова училиште  најголем интерес се очекува за пополнување на сообраќајната струка и за компјутерска техника и автоматика, информира в.д директорот Јане Цаноски.  
Првиот уписен рок  во средните училишта завршува утре.

{loadposition content9}