Skip to main content

Полуматурантите најмалку заинтересирани за угостителската струка

Трите средни општински училишта покажуваат сериозни разлики по бројот на пријавени, примени и слободни места за вториот уписен рок.

 |  Мишел Наумоски  | 
upisi
upisi

Заврши првиот уписен рок во трите охридски  средни училишта. Сумираните резултати по завршувањето на првиот уписен рок носат изразито спротивни бројки. Најголем интерес, полуматурантите повторно покажале за општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“. Таму вкупно се пријавиле 356 деца од кои биле примени 309. Од нив, 189 запишале гимназиско образование, 101 економско и 19 деца се запишале на медицинската паралелка. За вториот уписен рок, вкупно остануваат 161 слободно место, од кои 83 во гимназија, 63 во економски и 15 во медицинската паралелка.

EMUC upisiВо електромашинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски“ пак во првиот уписен рок се пријавиле законските 50 проценти од вкупните 364 слободни места.

„Споредбено со минатите години имаме и нешто подобрување во уписот на учениците. Точно во бројка, оваа година се пријавија 170 ученици. Од нив се запишани 83. овде морам да напоменам дека еден добар дел од овие ученици кои се пријавија на првото пријавување, се одбиени за неколку поени под оној минимум кој го имавме дефинирано во огласот. Очекувам овој број на запишани ученици да биде многу поголем во второто пријавување на ученици кое ќе се реализира на 1ви и 2ри јули исто така во периодот од 8 до 15 часот. Резултатите и слободните места ќе бидат објавени на 4ти јули.“-вели Јане Цаноски, в.д директорот на ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“.

upisi ekonomskiНајголем интерес од сите профили кои се запишуваат во ЕМУЦ, полуматурантите пројавиле за козметичката насока.

„Имаме доста слободни места по сите образовни профили, по сите струки, токму од причините што ги наведов. Очекувам бројот да се зголеми за второто пријавување. Ќе ја потенцирам козметичката струка. Тука имаме пријавено и над оној законски минимум. Паралелката ќе биде целосно оформена после првото пријавување. За останатите струки и профили има доволно слободни места.“-рече в.д директорот Цаноски.

Точната бројка на слободни места во ова училиште е 281, па останува да видиме колку од нив ќе бидат пополнети по завршувањето на вториот уписен рок. Во средното угостителско училиште пак ситуацијата најдраматична.

upisi EMUCКако што не информираше в.д директорката Весела Темјаноска, за вториот уписен рок остануваат вкупно 274 слободни места, од нив 118 слободни места се за сите профили со четиригодишно средно образование, а 156 места за профилите со тригодишно средно образование.  Во првиот рок вкупно се пријавиле загрижувачки 51 полуматурант од кои биле примени само 32 бидејќи другите едноставно не ги исполнувале минималните услови. Во телефонски разговор, в.д директорката Темјаноска не информираше дека критериумите за прием ќе бидат намалени, односно за сите профили ќе се бараат 5 поени помалку отколку во првиот уписен рок. Таа го изрази своето разочарување потенцирајќи дека Охрид како туристичко место би требало своите кадри најмногу да ги црпи токму од нивното училиште.

Инаку критериумите за прием ќе бидат намалени и во останатите училишта, односно и таму ќе се бараат 5 поени помалку отколку во првиот уписен рок.

{loadposition content9}