Skip to main content

Со квалитетно образование и соодветна пракса до развој на туризмот

Само со квалитетно образование и соодветна пркса ќе го развиеме туризмот во државава, велат туризмолозите.

 |  Јаковлева Лионела  | 
konferencija
конференција

 

Симбиоза на науката и праксата. Тоа е формулата за развој на туризмот и туристичкото стопанство, велат стручњаците. Во последните десет години се повеќе се работи на зголемување на предметите со практичен дел на факултетите за туризам. Охридскиот факултет за туризам и угостителство обучува стручен кадар кој веднаш по завршувањето на студиите може дасе вклучи во туристичкото стопанство, вели Сашо Коруновски, деканот на ФТУ. Врската помеѓу факултетите, хотелиерите, ресторатерите и сите останати инволвирани во развојот на туризмот треба да станува се поцврста, додава деканот. Со таа цел овој факултет ја организира 12тата меѓународна конференција за услужен сектор на која покрај еминентни професори учество ќе земат и преставници на туристичкото стопанство.конференција

Интересот на услужниот сектор за учество на оваа конференција е многу голем. Во текот на утрешниот ден ќе има повеќе излагања од хотелиери и ресторатери кои пред јавноста ќе ги изнесат своите искуства. Мора конечно да се пробијат бариерите и науката да се спои со праксата, рече Сашо Коруновски-декан на ФТУ.

Дончо Таневски, претседателот на ХОТАМ вели дека науката која се добива во училница е едно а пракста е сосема друго. Тој изрази задоволство што работите драстично се менуваат па  студентите кои завршуваат на факултетите за туризам во државава повеќе не се само теоретичари туку имаат и пракса. Таневски потенцираше дека клиентот секогаш е во право и сите треба да се стават во функција на задоволување на неговите потреби.


Драго ми е што се повеќе се сваќа значењето на добрата услуга за развојот на туризмот. Едуцираниот кадар кој воедно е добро поткован и со пракса е она вистинското со кое ќе овозможиме развој на туризмот. Од овај факултет и останатите факултети за туризам кои постојат во државава очекувам да произлезат нови успешни менаџери кои ќе имаат свои визии за развојот на современот туризам, кажа Дончо Таневски, претседателот на ХОТАМ.

Инаку на ова меѓународна конференција учество ќе земат 66автори од 10 земји од светот. На нејзиното отварање Агенцијата за подршка и промоција на туризмот на деканот на ФТУ, на Проф. Д-р Ангела Василевска и на продеканот за настава проф. Д-р Цветко Андреевски им врачи благодарници за посебно залагање во науката и афирмација на услужниот сектор.

{loadposition content9}