Skip to main content

Повторно настрада детското игралиште во населбата „Гоце Делчев“

На изградба на детските игралишта се чека и по триесет години, а потоа се руинираат, велат граѓаните. Од Локалната самоуправа информираат дека ќе ја санираат штетата но, ги загрижувава тоа што постојано се атакува врз игралиштата и што се кршат реквизитите.

 |  Јаковлева Лионела  | 
igraliste
игралиште

Руинирано детското игралиште во населбата „Гоце Делчев“. Овие катчиња за одмор и рекреација кои се замена за некогашните маалски лединки се почесто безмилосно се уништуваат. Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, и сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме, велат граѓаните. Конкретно за изградба на игралиштето во оваа населба граѓаните чекале 30 години. Од Локалната самоуправа информираат дека редовно ги одржуваат 14-те детски и спортски игралишта во повеќе делови од градот. Но, ги загрижувава тоа што постојано се атакува врз нив и што се кршат реквизитите. игралиште

Наша екипа веднаш ќе излезе на лице место за да ја утврди штетата. До крајов на месецов ќе ги поправиме реквизитите и ќе ги доведиме во првобитна сосетојба, вели  Томе Џамтоски-портпаролот на Локалната самоуправа.

Од Локалната го осудуваат унуштувачкиот однос и веруваат дека тоа го прават тинејџерите кои на тој начин ги лечат младешките фрустрации. Ова го потврдуваат и психолозите. Велат дека нагонот за уништување е присутен кај младите особено кај децата од дисфункционални семејства, децата кои имаат недостаток на родителска љубов и внимание, па се до големиот степен на дисциплина која ја применуваат некои родители. Некои деца пак манифестираат физичката моќ поради зголемувањето на популарноста  меѓу врсниците.

Апелираме до граѓаните и до младите да водат повеќе сметка за она што е направено и да не ги уништуват објектите кои се поставени за општо добро, вели Џамтоски.

Од Локалната самоуправа потенцираат дека со парите од општинскиот буџет што се трошат за обновување на реквизитите на едно игралиште може да се подигне ново па затоа штетата од ваквите вандалски испади е повеќекратна.

{loadposition content9}