Skip to main content

Почина познатиот македонски резбар Димче Јанко

Тој е еден од најплодните мајстори на полето на копаничарството во Македонија.

 |  Мишел Наумоски  | 
Dimce Janko
Димче Јанко

На 94 годишна возраст  почина познатиот македонски  резбар Димче Јанко.  Јанко е роден во Охрид, на 21 октомври 1919 година.  Тој е еден од најплодните мајстори на полето на копаничарството во Македонија. Потекнува од повеќечлено семејство, од татко Јане и мајка Лојза. Во 1934 година ја напушта гимназијата и се запишува во Резбарското училиште во Охрид, оддел резбарство. Во 1947 година завршува мајсторски испит по резбарство во Пловдив, Бугарија.

kopanicar JankoОд 1947 до 1962 година Димче Јанко работи во фондацијата на Св. Богородица (Перивлепта), потоа во ателјето за уметничка резба „Андон Дуков“. По неговото ликвидирање, Димче заедно со уште 4 колеги – мајстори, се под закрила на Народниот музеј на градот Охрид, а подоцна и во уметничкото ателје во Охрид во работната организација “Бистра-продукт”. Од 1962 год. по пензионирањето работи во домашното уметничко ателје. Со свои творби се претставува на неколку колективни изложби: 1938 год. во Белград, 1947 год. во Варна (Бугарија), два пати на саем во Холандија и редовно на годишните изложби на Здружението на копаничарите на Македонија.

Работел на повеќе заеднички проекти како што се: таваници, работни кабинети, розети, фризови, гарнитури, стиловачи, столбови, владички столови, дарохранилници, целивални, иконостаси, постаменти, крстови и сл. Резбаните дела најчесто биле по порачка, за познат финансиер, државни институции и црковни великодостојници. Негови дела се наоѓаат во многу македонски градови, во републичките центри на поранешна СФРЈ, а бројни дела има и во европските градови, во САД, Канада, Австралија и Русија.
Aвторот Никола Бошале на Димче Јанко му ја посвети книгата „Последниот патрик на Охридската резба“.

{loadposition content9}