Skip to main content
Општина Дебрца

Во општина Дебрца гласањето тече без проблеми, излезноста до 15 часот е 38,52 %

Во Општина Дебрца гласањето на претседателските избори се одвива непречено. На 23 гласачки места до 15 часот гласале 1.517 граѓани или 38,52 % од вкупно запишани 3938 лица во избирачкиот список од оваа општина.Климе Сарафиноски претседател на ОИК Дебрца информира дека освен две пријави од лица кои не биле на избирачкиот список, нема други неправилности или проблеми во изборниот процес.
Општина Охрид

Охрид го чествува големиот револуционер Христо Узунов

Делегации положија свежо цвеќе на спомен обележјето на Христо Узунов во градскиот парк во Охрид.
Свр Охрид
СВР Охрид

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

ОИК Охрид

ОИК: Гласањето во Охрид без нарушувања, излезноста до 13 часот е 23,82 %

Нема проблеми и од техничка природа, вели Предраг Васојевиќ, заменик претседател на ОИК Охрид.
Претседателски избори 2024

Во Охрид сите избирачки места се отворени навреме, гласањето се одвива непречено

Граѓаните без проблеми го остваруваат своето право на глас на седмите по ред претседателски избори.

Лажни Вести

источна македонија

Манипулативен наслов со сензационалистички тврдења

Текстот со манипулативен наслов „Црни вреќи со банкноти од 500 евра се појавија пред штабови на СДСМ низ градовите во Источна Македонија“ објавен на 23 јуни 2020 година на веб порталот www.bregalnicki.mk е класична дезинформација напишана врз основа на пристрасност што претставува спин со цел да ја оцрни партијата на власт и нејзиниот лидер Зоран Заев.Неименуван автор сензационалистички тврди дека парите во црните вреќи се подарок од Заев наменети за општинските организации на СДСМ во источниот дел на државата. Од приложените фотографии во текстот, кои пристигнале во редакцијата, се гледа…
кодекс на новинари

Партискиот став мора јасно да се посочи

Текстот со наслов ,,СДСМ е вирусот кој треба Македонија да го победи”, демонстрира прекршување на членот 14 од Кодексот на новинарите.
комисија за заразни болести

Причина за разрешувањето на Зибери

Под маска на наводни професионални стандарди, Зибери е всушност казнет што соопшти како реално функционира Комисијата за заразни болести.

Украина
Проверка на факти

Ширење на бранот од лаги, воена инвазија и инвазија од дезинформации

Состoјбата со дезинформациите во Северна Македонија во двете недели пред и по почетокот на руската инвазија врз Украина.
Сергеј Лавров
Проверка на факти

Лавров во уште една спин офанзива за оправдување на руската агресија врз Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за четири српски медиуми настапи со познатите дезинформациски наративи за воената интервенција во Украина, употребувајќи ја познатата фраза „специјална воена операција“, чија цел е ослободување на угнетеното руско население во Донбас…
Путин медиуми
Руска медиумска сцена

Контролирани содржини со малку простор за странски медиуми

Граѓаните во Русија добиваат дозирани содржини, во сила се цензорски закони засилени со новоусвоениот Закон од 4 март, со кој е предвидена дури и казна затвор од 10 до 15 години „за свесно ширење лажни вести за руската војска“. Водечките руски телевизии – „Канал 1“ и „Росија 1“ се контролирани од…
Левица
Проверка на факти

Руската инвазија врз Украина не е специјална воена операција, како што спинува Левица

Политичката партија Левица ја искористи терминологијата на Кремљ дека руската инвазија во Украина е всушност „специјална воена операција“. Во оваа изјава се препознава спин, ако се земе предвид дека специјалните операции се воени активности спроведени од специјално назначени, организирани, избран…

Најпопуларни Артикли