Skip to main content

Над 15 000 туристи од Холандија и Англија резервирале одмор на брегот на Охридското Езеро

Над 15 000 холаѓани и англичани, само преку тру операторот ТУИ,  веќе резервирале одмор на брегот на Охридското Езеро. Од средината на април и почетокот на мај  започнуваат субвенционираните и чартер летовите на охридскиот аеродром. Се очекува плодна туристичка сезона.

Актуелно

Соработка на ИПА Охрид со младите

ИПА ОХРИД и Локалниот совет на млади потпишаа Меморандум за соработка

Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид (ИПА ОХРИД) и Локалниот совет на млади (ЛСМ) при општина Охрид, денеска потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот што го потпишаа претседателот на ИПА Охрид м-р Стефан Димоски и Игор Јосифоски, претседател на ЛСМ, е знак за меѓусебно пријателство со цел, јакнење на комуникацијата меѓу двете страни потписнички и воспоставување на системска меѓусебна соработка за едукација на теми од областа на безбедноста. „ Меморандумот за соработка има цел воспоставување и промовирање на партнерска соработка на полето на едукација на теми од…
Градски гробишта
ЈП „Градски гробишта“

Известување од ЈП „Градски гробишта“ за достава на сметки за гробарина за 2024 година

Од претпријатието информираат дека доколку од одредени причини жителите со адреси на живеење  од наведените реони се уште не добиле сметки  за истото да се јават на тел. број 075 312 268.
Инклузивна градинка радост

Оглас за набавка на градежни работи за адаптација на простор

Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации и тендерска документација од страна на проектниот координатор Весна Габелоска, од каде може да добијат електронска форма на тендерската документација со барање на следната адреса: ул. Крум Точков бр.46, 6000 Охрид.

ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Матурантот Бобан Кочески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ доби меѓународно признат сертификат од ЕК и Универзитетот во Истанбул

Кочески учествуваше во проект на Еразмус+, Green All Together – GreAT.
Општина Охрид

Охрид домаќин на Студентската конференција – 2024 

Конференцијата е во организација на Универзитетското студентско собрание при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, а со поддршка на Општина Охрид.

Лажни Вести

источна македонија

Манипулативен наслов со сензационалистички тврдења

Текстот со манипулативен наслов „Црни вреќи со банкноти од 500 евра се појавија пред штабови на СДСМ низ градовите во Источна Македонија“ објавен на 23 јуни 2020 година на веб порталот www.bregalnicki.mk е класична дезинформација напишана врз основа на пристрасност што претставува спин со цел да ја оцрни партијата на власт и нејзиниот лидер Зоран Заев. Неименуван автор сензационалистички тврди дека парите во црните вреќи се подарок од Заев наменети за општинските организации на СДСМ во источниот дел на државата. Од приложените фотографии во текстот, кои пристигнале во редакцијата, се гледа…
кодекс на новинари

Партискиот став мора јасно да се посочи

Текстот со наслов ,,СДСМ е вирусот кој треба Македонија да го победи”, демонстрира прекршување на членот 14 од Кодексот на новинарите.
комисија за заразни болести

Причина за разрешувањето на Зибери

Под маска на наводни професионални стандарди, Зибери е всушност казнет што соопшти како реално функционира Комисијата за заразни болести.

Украина
Проверка на факти

Ширење на бранот од лаги, воена инвазија и инвазија од дезинформации

Состoјбата со дезинформациите во Северна Македонија во двете недели пред и по почетокот на руската инвазија врз Украина.
Сергеј Лавров
Проверка на факти

Лавров во уште една спин офанзива за оправдување на руската агресија врз Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за четири српски медиуми настапи со познатите дезинформациски наративи за воената интервенција во Украина, употребувајќи ја познатата фраза „специјална воена операција“, чија цел е ослободување на угнетеното руско население во Донбас…
Путин медиуми
Руска медиумска сцена

Контролирани содржини со малку простор за странски медиуми

Граѓаните во Русија добиваат дозирани содржини, во сила се цензорски закони засилени со новоусвоениот Закон од 4 март, со кој е предвидена дури и казна затвор од 10 до 15 години „за свесно ширење лажни вести за руската војска“. Водечките руски телевизии – „Канал 1“ и „Росија 1“ се контролирани од…
Левица
Проверка на факти

Руската инвазија врз Украина не е специјална воена операција, како што спинува Левица

Политичката партија Левица ја искористи терминологијата на Кремљ дека руската инвазија во Украина е всушност „специјална воена операција“. Во оваа изјава се препознава спин, ако се земе предвид дека специјалните операции се воени активности спроведени од специјално назначени, организирани, избран…

Најпопуларни Артикли