Skip to main content

Хан ги објави реформските мерки за Македонија

Приоритети за итна реформа на релевантни прашања од владеењето на правото

 |  инфодеск  | 
johanes Han

 

Во соопштение на Европската комисија, се цитира изјавата што Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети ја дадоа по состанокот, а во која се вели дека тие како лидери на главните политички партии се согласиле повторно да ја потврдат својата целосна посветеност на договорот од 2-ри јуни и да продолжи дискусијата за негова целосна имплементација на лидерско на ниво на 29 јуни.
„Ние, исто така, даваме поддршка на транспарентното ракување од страна на ЕУ со текстот на овој договор, како и на сите специфични препораки во однос на системските реформи во областа на владеењето на правото што треба да се спроведат во интерес на сите граѓани”, го цитира Еврокомисијата договорот од Скопје.
Во однос на договорот на македонските политички лидери, неформалната Влада на Европската унија обезбеди приоритети за итна реформа на релевантни прашања од владеењето на правото, потенцирајќи многу приоритети што според ЕК „Република Македонија треба да ги исполни во областа на владеењето на правото и основните права, деполитизација на јавната администрација, слободата на изразување и изборните реформи“.
„Овие реформски приоритети се изготвени од страна на Европската комисија, врз основа на претходно издадени препораки и претходно договорените реформски приоритети во овие области, што се потврдија и надополнија од страна на наодите од група на високи експерти. Тие се наменети за решавање на системски слабости и содржината на од откриеното прислушување, како и повеќе поврзани слабости што придонесоа за ситуација која доведе до сегашната политичка криза“, наведува Еврокомисијата.
Притоа, официјален Брисел наведува дека следењето и спроведувањето на овие реформски приоритети ќе се остварува преку контакти со сите релевантни чинители и пристапниот дијалог на високо ниво, заедно со други реформски приоритети што се вклучени во него, како на пример меѓуетничките односи и економското управување (вклучувајќи управување со јавните финансии).