Skip to main content

Целосен прекин на сообраќајот на Меџитлија

Грчките земјоделци и минатата недела неколкупати го затвораа граничниот премин со Македонија

 |  инфодеск  | 

Според известувањето добиено од МВР, во сабота, во периодот од 11 до 13 часот, и од 18 до 20 часот поради штрајк на грчките земјоделци, со поставување на земјоделски машини и трактори во близина на Граничен премин Меџитлија/Ники- Република Грција, сообраќајот ќе биде во целосен прекин при влез и излез од Република Грција.

И Авто мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот ќе биде во прекин од 11 до 13 часот и од 18 до 20 часот.

Ова е втора блокада на границите што ја прават грчките земјоделци во изминатите неколку дена. На 26 јануари тие со трактори и друга земјоделска механизација, покрај Маџитлија/Ники, целосно го блокираа и граничниот премин Богородица/Евзони.