Skip to main content

Започна судењето за случајот „Диво насеље“

На почетокот од судскиот процес за кумановските настани во „Диво насеље“ адвокатите на обвинетите побараа негово одложување, пренесува „Телма“.

sudenje

На почетокот од судскиот процес за кумановските настани во „Диво насеље“ адвокатите на обвинетите побараа негово одложување, пренесува „Телма“.

Тие бараа Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да го преземе случајот, а исто така побараа и психијатриско вештачење за своите клиенти.

obvinetiСудот ги отфрли барањата на адвокатите, со образложение дека Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева досега не доставила барање за преземање на овој случај, ниту пак пројавила интерес за него.
За барањето за психијатриското вештачење, судот образложи дека од ниту еден од затворите каде се притворени обвинитетите не доставиле известување дека некој од нив се пожалил на здравствени проблеми.

Адвокатите на обвинетите реагираа и на тоа дека во Судскиот совет нема ниту еден албанец.
Откако судот ги отфрли сите барања на адвокатите започна главното рочиште, на кое досега беа презентирани податоци за потеклото,образованието и имотната состојба на обвинетите.

policijaСпоред презентираните податоци, во групата осомничени има високо образувани лица, со завршен Факултет за дипломатија и психологија. Еден од нив има завршено криминалистика и Воена академија, а друг информатика. Во осомничената група има и фризер, како и новинар.
Сите осомничени, според Обвинителството кое го даде воведниот збор, функционирале во група составена од три нивоа.

И тоа: првото ниво била командната структура, второто ниво била логистиката, а третото ниво ги опфаќало членовите кои учествувале во пукањето.

Според обвинителството во првото и третото ниво се луѓе од Косово и кои живеат во Косово, а од второто ниво се од Македонија.

Обвинителството појасни дека групата подолго време ја планирала и подготвувала акцијата, а во текот на судската постапка ќе ги откријат мотивите за терористичкиот акт.