Skip to main content

“Протестирам” повторно на протести од понеделник

Демонстрантите веќе 12 дена бараат повлекување на одлуката за аболиција

 |  инфодеск  | 

Граѓанската организација „#Протестирам“ на својот Фејсбук профил вчера објави дека денеска нема да биде организиран протест во Скопје.

„Наместо утре, со протести продолжуваме во понеделник во 18 часот – побројни, покоординирани и со нови сили и енергија“, стои во најавата на „Протестирам“.

Демонстрантите на антивладините протести во Скопје вчера стоеја со огледала пред полицајците. Граѓаните што беа во првиот ред пред полициската барикада на мостот „Гоце Делчев“ извадија огледала и ги поставија пред лицата на специјалците кои не им дозволуваа да го продолжат маршот кон Уставниот суд.

Огледалата се новиот реквизит на Шарената револуција. Претходните денови, на протестите во Скопје и Битола, полицајците беа боени од балоните со боја кои демонстрантите ги фрлаа врз зградите кои тие ги бранеа. Вчеравечер, во Скопје беа обоени само спомениците на лавовите од десната страна на Вардар, во близина на зградата на Владата. Тие споменици пред неколку години беа предвесник на проектот „Скопје 2014“, за кој од буџетски пари се потрошени повеќе од 600 милиони евра.