Skip to main content

ДИК го усвои извештајот за проверката на избирачкиот список

Од 87.000 спорни гласачи, само 34.000 покажале валиден документ

 |  инфодеск  | 

Извештајот подготвен од меѓународниот експерт, Џон Арон, од ИФЕС стигнал до рацете на Алсат-М и според него од 87.000 сомнителни имиња кои биле предмет на теренска проверка, потребни се дополнителни контроли за околу 40.000 случаи, бидејќи граѓаните не биле дома во моментот на контролата и за нив одговорило друго лице, а од 87.000 спорни гласачи, само 34.000 покажале валиден документ
“…Барањата до МВР за проверка на информациите кои веќе ги имаме и кои беа користени при вкрстената проверка, нема да донесат информации и уверување за веродостојноста на податоците кои се проверуваат. Според сознанијата, МВР може детално и конечно да ги провери сите идентификувани проблеми, но на законскиот процес за ова ќе му треба време и тоа не може да се направи до изборите на 5 јуни”, пишува во документот до кој дошол Алсат-М.
Експертот сугерира дека не е возможно да се проверат детално сите спорни записи во списокот, но и покрај тоа, на синоќешната седница ДИК го усвои збирниот извештај за сите направени проверки.
Членовите на СДСМ не присуствувале на седницата, додека претседателот Чичаковски гласал против. За членовите на владеачката партија пак Избирачкиот список може да гарантира фер и кредибилни избори.