Skip to main content

МОСТ: Нема услови за кредибилни избори на 5 јуни

Прочистувањето на Избирачкиот список требаше да придонесе кон зголемена доверба во истиот

 |  инфодеск  | 

Граѓанската асоцијација „МОСТ“ на денешната прес-конференција соопшти дека Владата и надлежните институции не успеаја да обезбедат услови за одржување на фер и кредибилни избори на 5 јуни.

Според „МОСТ“, процесот на прочистувањето на Избирачкиот список не влева доверба, а следствено на тоа и неговиот квалитет. Секој треба да е свесен дека непочитувањето на законот предвидува санкции и дека еден ден ќе се направи ревизија на комплетното работење и законитоста во постапувањето на членовите на овој состав на ДИК.

“Потенцираме дека согласно Договорот од Пржино, прочистувањето на Избирачкиот список требаше да придонесе кон зголемена доверба во истиот, а со тоа и во целокупниот изборен процес. Покрај посочените проблеми во врска со прочистувањето на Избирачкиот список, МОСТ исто така укажуваше и на злоупотреба на државни ресурси за партиски цели, непостоење на поделеност на државата и партијата, како и притисоци врз вработените во администрацијата”.