Skip to main content

Викторија Нуланд утре во Скопје

Посетата е во рамки на турнејата низ неколку земји

 |  инфодеск  | 

Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд, вo понделеник ќе ја посети Македонија.

Како што соопшти Амбасадата на САД во Скопје, за време на посетата, таа ќе оствари средби со претставници на Владата, функционери на политички партии и претставници на граѓанското општество.

На средбите, според соопштението, ќе се разговара за билатерални и регионални прашања, вклучувајќи ја и потребата за решавање на тековната политичка криза, поддршката за работата на Канцеларијата на специјалниот јавен обвинител, како и создавањето услови за кредибилни избори.

Посетата е во рамки на нејзината турнеја низ неколку земји во регионот во која се вклучени и Косово, Албанија, Србија и Кипар.