Skip to main content

Македонија денес во жолта алертна фаза

Апел за избегнување престој на отворено од 11 до 17 часот

 |  инфодеск  | 

На територијата на цела Македонија денеска временските услови ќе бидат со многу висока дневна температура, состојба што Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ја означува како жолта алертна фаза.

Температурата ќе достигне 40 Целзиусови степени.

Министерството за здравство вчера апелираше граѓаните од целата земја да ги почитуваат општите препораки за заштита од високата температура: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, а особено да се внимава при подготовката и консумирањето на храната.

На хронично болните лица им се препорачува редовно да ја земаат пропишаната терапијa.