Skip to main content

Регулаторната комисија за енергетика ги објави старо-новите цени на горивата

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици

 |  инфодеск  | 

Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени ќе се намалува во просек за 1.2 %.

Тоа значи дека од вечерва цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 остануваат непроменети, и еден литар од овие горива ќе чини 61 односно 63 денари.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство
(ЕЛ-1)се намалуваат за 1,00ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 11.07.2016 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 36,50ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1НС се намалува за 0,150ден/кг во однос на цената
утврдена со Одлуката од 11.07.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 22,763 ден/кг.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.