Skip to main content

Денес истекува рокот за пријавување на спорните гласачи

Заклучно со вчера се пријавиле вкупно 6.984 граѓани

 |  инфодеск  | 

Денеска истекува рокот за пријавување во Државната изборна комисија на граѓаните со спорни записи во Избирачкиот список.

Имињата на спорните гласачи беа објавени на 26-ти јули и тие имаа рок од 25 дена да се запишат на списокот на гласачи, а пријавувањето се врши електронски преку специјална апликација на веб страницата на ДИК или лично во подрачните единици на ДИК и во кацелариите на Управата за водење матични книги.

Објавени беа имињата на 39.502 гласачи кои се сметаа за спорни во Избирачкиот список, а заклучно со вчера се пријавиле вкупно 6.984 граѓани.

Од нив, 3.015 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 3.969 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет страницата на Комисијата. Електронските пријави подлежат на дополнителни проверки од страна на Комисијата.

Најмногу пријавени има во општините Чаир-974, Сарај-553, Куманово-500, Тетово-475, Аеродром-374, Кичево – 369, Центар-359 и Гостивар-320.

Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК денеска ќе работат работат до 19:00 часот, а граѓаните кои сакаат да се пријават преку апликацијата на веб страницата, тоа ќе можат да го сторат до полноќ.