Skip to main content

Светска банка за Македонија очекува економски раст од само 2%

Со оваа стапка од 2% Македонија е последна во регионот

 |  инфодеск  | 

Светска банка го презентира полугодишниот економски извештај за ЈИЕ и економскиот пораст во Македонија се очекува да забави и да достигне ниво од само 2% во 2016 година под влијание на намалувањето на инвестициите, а со оваа стапка Македонија е последна во регионот, оценува Светска банка.
– Првпат по шест години, инвестициите имаа негативен придонес во економскиот пораст, што е спротивно на земјите од регионот. Потрошувачката стана главен двигател на порастот, поддржана од вработувањата и од повисоките јавни плати и трансфери – изјави Бојан Шимбов, економист во канцеларијата на Светска банка во Македонија.
Нерешавање на политичките превирања, високо ниво на фискален дефицит, зголемен јавен долг и стагнација во структурните реформи, се главни ризици со кои се соочува земјава, посочуваат од Светска банка.

Според последниот извештај дури 89% од новоотворените работни места се со државна помош, а зависноста на ПИОМ од буџетот расте.

Во поглед на земјите од регионот, за Албанија е предвиден пораст од 3,2%, за БИХ – 2,8%, Косово – 3,6%, Црна Гора – 3,2% и за Србија – 2,5%.