Skip to main content

Трошоците за живот во септември поголеми

Во септември сме плаќале поскапо месо, шеќер, здравство…

 |  инфодеск  | 

Трошоците на животот во септември, во однос на претходниот месец, се поголеми за 0,2%, објави Државниот завод за статистика.

Според индексот на цените, растот е забележан поради повисоките индекси на свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 2.6%, јајцата за 2.4%, компирот за 1.3%, месото, рибата, морските плодови и замрзнатото овошје за 0.7%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.5%, сувото овошје, јаткастите производи и алкохолните пијалаци за 0.3% и сушеното, соленото и чаденото месо за 0.2%.

Исклучок не се ниту гасот за домаќинства за 3.7%, течните горива за домаќинствата за 3.2%, течните горива и мазива за 2.4%, средствата за чистење и одржување на станот за 2.0%, здравствените услуги за 1.5%, ветеринарните и другите услуги за домашните миленици за 1.2%, книгите за 0.9%, другите лични предмети за 0.7%, мебелот и малите електрични апарати за домаќинствата за 0.8%, материјалите за одржување и поправки на станот за 0.6%, угостителските услуги за 0.5%, цврстите горива за домаќинствата за 0.3%, услугите за лична хигиена, накитот и часовниците за 0.2%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во септември 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај оризот и полномасното млеко за 1,1 отсто, другите прехранбени производи за 0,4 отсто и свежото и разладеното овошје за 0,3 отсто.

Исто така, намалување на индексите на трошоците за живот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 15,2 проценти, туристичките пакет-аранжмани за 10,6 проценти, услугите за сместување за 6,4 проценти, болничките услуги за 6,1 отсто.