Skip to main content

ДИК денес ќе заседава по приговорите на СДСМ и Беса

Државната изборна комисија(ДИК) во четврток ќе одржи седница на која ќе расправа по приговорите што во врска со неправилностите на неделните избори ги поднесоа СДСМ и движењето Беса, пренесува „Мakfax“.

 |   | 

„Државната изборна комисија известува дека седницата за расправање и за одлучување по приговорите од подносителите на листи на кандидати за пратеници ќе се одржи на 15 декември. За точното време на одржување на седницата ДИК навремено ќе ги извести овластените претставници, акредитираните набљудувачи и медиумите“, соопшти во средата ДИК.

Приговорите на Беса се однесуваат на општините Арачиново, Тетово, Гази Баба и Липково, а приговорите на СДСМ на избирачки места во шестата изборна единица.

Членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи најавија собирање пред просториите на ДИК.

Евентуално прегласување во спорните избирачки места, би можело да му одземе двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, што би ги добиле по еден Беса и СДСМ, што истовремено ќе значи и промена на победникот на изборите.