Skip to main content

Ќе биде ли Македонија имуна на епидемијата од Морбили

Ширење на мали сипаници, морбили и епидемија од нив може да се случи и во Македонија, предупредуваат здравствените власти и епидемиолозите.

 |   | 

Ширење на мали сипаници, морбили и епидемија од нив може да се случи и во Македонија, предупредуваат здравствените власти и епидемиолозите. Кај нас засега нема случаи на заразени, но болеста се шири во наша близина, а многу лесно се пренесува. Во соседна Бугарија деновиве од овие сипаници почина деветмесечно бебе, а во последниот период бројот на жртви во Романија стаса до 21, пренесува порталот „Факултети“.

Во Македонија е опаднат бројот на деца кои ја добиваат вакцината против морбили, рубеола и паротит-МРП, а со зго­ле­му­ва­ње на бро­јот на не­вак­ци­ни­ра­ни де­ца, велат здравствените власти, рас­те и ри­зи­кот за ши­ре­ње на бо­ле­ста. Имено, токму тие може да се разболат.

Давањето на вакцини кај децата се намали поради силната антивакцинална кампања. Родители или не ја даваат или ја одложуваат МРП вакцината, чија прва доза се прима на 13 месечна возраст. Вакви одлуки носат поради страв, кој го предизвикуваат информациите што ги добиваат од противниците на вакцините, кои, пак, ги поврзуваат со тешки болести и аутизам.

Светската здравствена организација предупреди да се зголеми опфатот за вакцинирање за да се создаде колективен имунитет. Во Македонија, објаснуваат од Министерство за здравство, повеќе нема колективен имунитет. Противниците на вакцините, пак, велат дека колективен имунитет не постои и дека тоа е мит.

– Ризикот е голем зашто ширење на морбили има во наша близина, а во повеќе држави од западна Европа има епидемии. Доаѓа лето и граѓаните повеќе ќе патуваат, па може да „ја увеземе“ болеста. Најчесто ни се случува на ваков начин да почнат да се шират заразни болести кај нас. Последен пат морбилите почнаа да се шират откако возрасен се зарази во странство – вели д-р Јованка Костовска, раководителка во Министерство за здравство.

Таа смета дека ро­ди­те­ли чи­та­ат не­со­од­вет­ни и не­про­ве­ре­ни со­др­жи­ни на Ин­тер­нет, а на со­ци­јал­ни­те мре­жи во ме­ѓу­себ­на ко­му­ни­ка­ци­ја ши­рат не­точ­ни по­да­то­ци. – Така МРП-вак­ци­на­та ја по­вр­зу­ва­ат со ау­ти­зам што ап­со­лут­но не е точ­но – додава.

Министерство за здравство предупреди дека го­диш­но по нај­мал­ку 4.000 де­ца во Ма­ке­до­ни­ја не ја при­ма­ат МРП вак­ци­на­та. Про­цен­тот на иму­ни­за­ци­ја за МРП за 5 го­ди­ни е на­ма­лен за 10 от­сто. Здрав­стве­ни­те вла­сти велат дека се за­гри­же­ни за­што по­ве­ќе зем­ји прог­ла­си­ја епи­де­ми­ја за мор­би­ли, но и поради смрт­ните слу­чаи од ма­ли си­па­ни­ци. Тие се исплашени епи­де­ми­ја­та од си­па­ни­ци да не се про­ши­ри и во Ма­ке­до­ни­ја.

Податоците на Институт за јавно здравје за минатата година велат дека вкупниот опфат со МРП вакцина за целата држава изнесува 82,1 проценти. Понизок од 90 отсто е регистриран на подрачјата на Куманово, Крива Паланка, Велес, Гевгелија, Битола, Демир Хисар, Неготино, Кратово, Струмица, Кочани, Штип, Валандово, Кавадарци, Тетово, Гостивар, Пробиштип и Скопје.

Малите сипаници мо­же да се по­ми­нат мно­гу лес­но, но и да пре­диз­ви­ка­ат вос­па­ле­ние на бе­ли­те дро­бо­ви, ме­нин­гит, па и да би­дат фа­тал­ни кај ор­га­низ­ми со слаб иму­ни­тет. Тие се ши­рат пре­ку ди­ре­ктен кон­такт и по воз­ду­хот, пре­ку каш­ли­ца и ки­ва­ње. Ви­ру­сот оста­ну­ва акти­вен и за­ра­зен на ин­фи­ци­ра­ни­те по­вр­ши­ни до 2 ча­са. Пр­ви­те зна­ци на ин­фек­ци­ја обич­но се ви­со­ка тем­пе­ра­ту­ра и симп­то­ми на на­стин­ка, ка­ко те­че­ње на но­сот. По не­кол­ку де­на се по­ја­ву­ва исип, обич­но пр­во на ли­це­то и на вра­тот, а по­тоа по те­ло­то.

Мно­гу од слу­ча­и­те на ма­ли си­па­ни­ци се откри­е­ни во зем­ји­те ка­де што иму­ни­за­ци­ја­та е под 95 про­цен­ти – Фран­ци­ја, Гер­ма­ни­ја, Ита­ли­ја, Пол­ска, Ро­ма­ни­ја, Швај­ца­ри­ја и Укра­и­на.