Skip to main content

Силен земјотрес ги вознемири Скопјани

Земјотресот беше проследен со неколку последователни слаби потреси

 |  инфодеск  | 

Земјотрес со магнитуда од 4,2 степена според Рихтеровата скала е почувствуван изутрината во 04 часот и 08 минути во Скопје и околината.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 13 километри источно од Скопје на длабочина од два километра.

Поточно епицентарот на земјотресот бил на 4 километри североисточно од Арачиново и 6 километри северно од Марино.

Земјотресот предизвика вознемиреност кај Скопјани, и се почувствува и во повисоките згради како и во пониските објекти во главниот град.

Овој земојтрес е еден од посилните после минатогодишниот силен земјотрес од 5,3 степени кој го погоди Скопје.