Skip to main content

Ќе имаме ли влада до крајот на неделава?

Преговорите за составот на новата влада се очекува да продолжат денеска.

 |   | 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера имаше средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по што беше соопштено дека тој ќе седне на маса и со раководството на Беса и на Алијансата за Албанците. Од СДСМ соопштија дека темите за кои се разговарало на средбата меѓу Заев и Ахмети биле принципите на соработка, реформската Влада и интеграциите во Европската унија и во НАТО.

„Во наредниот период ќе се интензивираат динамиката и разговорите помеѓу двете партии, вклучително и со партиите што дадоа поддршка за состав на новата Влада на Република Македонија, по што ќе се премине на конкретните решенија за ресорните министерства“, информираа од СДСМ.

На шести јуни истекуваат дваесетте дена од уставниот рок до кој мандатарот Зоран Заев треба да ја договори владината коалиција. Претходно тој најави дека очекува тоа да се случи пред истекот на уставниот рок.