Skip to main content

Продолжувањето на СЈО во собраниска процедура

Од ВМРО-ДПМНЕ повеќе пати кажаа дека немаат намера да гласаат за таков закон

 |  инфодеск  | 

Законските измени за продолжување на мандатот на СЈО за поднесување на обвинителни акти ќе влезат во собраниска процедура.

Предлозите се истите кои СДСМ ги поднесе минатата есен кога не добија двотретинско мнозинство. За СЈО се бара продолжување на законскиот рок за поднесување на обвинителни акти, а со предлог законот за заштита на сведоци се предлага поголема независност на СЈО во одлучувањето за заштитените сведоци кои може да им помогнат во постапките.

Од ВМРО-ДПМНЕ повеќе пати кажаа дека немаат намера да гласаат за таков закон. Рокот за поднесување на обвинителни акти на СЈО истекува в петок.