Skip to main content

Седум нови потреси во Охрид во текот на изминатата ноќ

Најсилниот земјотрес со јачина од 4.2 степени според Рихтер

 |  инфодеск  | 

Тлото во Охрид и Охридско не мируваше ниту ноќеска. Во текот на ноќта беа почувствувани седум земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 4,2 степени според Рихтер ги вознемири жителите на охридското епицентрално подрачје четири минути по полноќ.

Епицентарот бил на 9 километри источно од селото Косел на длабочина од  2 километри. По овој потрес следеа уште неколку земјотреси во 00.37 со магнитуда 2.7, во 00.54 часот со јачина 3.5, во 1.02 часот со интензитет од 2.9 степени и во 1.10 часот со јачина од 3.3 степени по Рихтер.

Во 23.45 часот измерен е земјотрес со јачина од 2.8 степени, на кој му претходеше уште еден со магнитуда од 3.1 степени по Рихтер што се случи во 21.38 часот.

Од 18 јуни до денеска во Охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси.

Најсилниот регистриран земјотрес досега беше од 5 степени по Рихер кој предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а беа пријавени и материјални штети.