Skip to main content

Охрид утрово со четири нови земјотреси

Последниот потрес е регистриран пред околу три часа, со jачина од 2,6 степени според Рихтер

 |  инфодеск  | 

Изминатата ноќ повторно помина со повеќе земјотреси кои се почуствуваа во Охрид и околината поради што граѓаните останаа без сон.

Последниот потрес е регистриран пред околу три часа, со jачина од 2,6 степени според Рихтер, на длабочина од помалку од еден километар.

Претходно имаше потреси од 3,3 степени, според Рихтер, на длабочина од 1 километар, 3,2 на длабочина од 2 километри и 3 степени на длабочина од 2 километри.

Епицентарот на земјотресите, како и во претходните денови беше на неколку километри од Охрид и Косел.