Skip to main content

Температури од портокалова фаза

Северновардарскиот и охридско-преспанскиот регион денеска ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза

 |  инфодеск  | 

Северновардарскиот и охридско-преспанскиот регион денеска ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Лекарите со препораки да се избегнува излегување во периодот помеѓу 11 и 17 часот, а доколку мора да излезат граѓаните да носат со себе шише вода и да носат светла облека за да се заштитат од штетните УВ-зраци.