Skip to main content

Саше Стефановски, поранешниот директор на ФЗОМ не е приведен

Поранешниот директор на ФЗОМ, охриѓанецот Сашо Стефановски не е помегу утрово приведените полициски функционери, пратеници и граѓани кои овозможиле или учествувале во насилствата на 27. април во Собранието на Р Македонија.

 |   | 

Поранешниот директор на ФЗОМ, охриѓанецот Сашо Стефановски не е помегу утрово приведените полициски функционери, пратеници и граѓани кои овозможиле или учествувале во насилствата на 27. април во Собранието на Р Македонија. Стефановски за ТВМ кажа дека веста за неговото приведување е дезинформација.

Рано утрово, по налог на јавен обвинител, приведени се над 20 учесници поврзани со упадот и насилствата на 27-ми април во македонскиот парламент. Полицијата го привела Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР. Покрај нив, утрово биле приведени и други полициски функционери, пратеници и граѓани, за кои обвинителството по обемната предистражна постапка, имало докази дека со нивните активности  овозможиле упад на демонстранти во зградата на Парламентот.  Обвинителство побарало приведување и на организаторите на протестите „За заедничка Македонија“.