Skip to main content

Усвоени измените на Законот за заштита од пушењето

Со 41 глас „за“, 14  „против“ и  еден „воздржан“ Собранието го усвои Предлог Законот за изменување на Законот за заштита од пушењето по скратена постапка.

 |   | 

Со 41 глас „за“, 14  „против“ и  еден „воздржан“ Собранието го усвои Предлог Законот за изменување на Законот за заштита од пушењето по скратена постапка.

Со измените, како што кажа при образложувањето на Предлог законот еден од предлагачите, пратеникот Томислав Тунтев, е предвидено да биде дозволено да се пуши на тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти и кога тие се затворени поради временските услови. Тој кажа дека не се бара да се укине забраната за пушење во јавните институции, установи, автобуски станици, канцеларии и други затворени простории.

„Ниту едно право што го имаат непушачите во моментов нема да биде загрозено“, рече Тунтев.

На гласањето му претходеше дебата меѓу пратениците од владејачката коалиција, дел од нив беа против носењето на вакви измени затоа што, рекоа, се загрозува здравјето на граѓаните. Пратениците од опозицијата не присуствуваа на седницата.