Skip to main content

Ноќеска започнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето е административно или указно

 |  инфодеск  | 

Во последниов викенд во март повторно се врши поместување на часовниците на летно сметање на времето – еден час нанапред. Тогаш стрелките на часовникот треба да се поместат еден час напред и наместо 02 да означуваат 03 часот.

За разлика од зимското време кое е „реално“ и „вистинско“, летното сметање на времето е административно или указно.

Истото ќе заврши во недела на 27 октомври во 3 часот по полноќ, кога повторно ќе се премине на зимското, реално време. Летното или уште се нарекува мандатно, договорно или указно време претставува административно поместување на службеното време, заради економска заштеда, политички, безбедносни, спортско-рекреативни, здравствени или други причини.

Инаку, летното сметање на времето кај нас е воведено со прописите на поранешна Југославија во 1983 година. На почетокот, летното време траело од последната недела на Март до последната недела на Септември, а од 1996 година е поместено да трае до последната недела на Октомври.