Skip to main content

Локалната самоуправа ќе ги преуредува старите, а ќе гради и нови велосипедски патеки

Охрид на неколку часа се приклучи кон Европската недела на движењето- Ден без автомобили.
 |  Тања Кувенџиска  | 
velosipedist
velospiedist
Ќе се преуредуваат старите велосипедски патеки, а ќе се градат и нови- најави градоначалникот Петрески. Со тоа Охрид ќе се приклучи кон светската кампања за подигање на јавната свест од штетноста на прекумерното користење автомобили.

„Постоечките патеки ќе ги обележиме, издвоиме од пешачките и обоиме со посебна боја. Како што знаете на Булеварот Туристичка има велосипедски патеки, но тие не се користат“, вели Петрески.  

Подршка за реализирање на ваквата идеја, Локалната самоуправа доби од Министерството за животна средина и просторно планирање. Еден од нашите приоритети во иднина е да се намали користењето автомобили и тие да бидат заменети со велосипеди, велат од министерството.

„Најважно е да се пристапи кон изградба патеки и во Охрид, како и во Скопје за да може овој вид рекреација да се ефектуира“, рече Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Дејан Паноски.     

velospipedistiДенес Охрид, на неколку часа се приклучи кон европската недела на движењето- Ден без автомобили. Основците и средношколците со ролери и велосипеди возеа до градскиот плоштад и беа дел од таканаречениот Алтернативен марш.  Некои од нив беа наградени со нов велосипед.

„На Охрид му се неопходни дополнителни велосипедски патеки“, изјави Јована Лазареска, еден од добитниците на велосипеди.

Најавените велосипедски патеки е предвидено да се градат околу спортскиот центар Билјанини извори, а ќе се поврзат со патеката која води до Горица 3.