Skip to main content

Повторно прашања, но без одговор

Општинската Вмро Дпмне и денес повторно упати многу  прашања на адреса на градоначалникот Александар Петрески. Од таму тврдат дека пред периодот на транзиција, Охрид бил една од општините во Македонија со највисок степен на економски развој. Па Се прашуваат, каде е сега.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Општинската Вмро Дпмне и денес повторно упати многу  прашања на адреса на градоначалникот Александар Петрески. Од таму тврдат дека пред периодот на транзиција, Охрид бил една од општините во Македонија со највисок степен на економски развој. Па Се прашуваат, каде е сега и што направила општината и локалната самоуправа, за иницијализација на стопанскиот развој во Охрид и охридско.

press VMRO-DPMNE„Ги следиме електронските, печатените медиуми, ги следиме веб страните на локалните самоуправи низ Македонија. Слушаме и гледаме за странски инвестиции во Струмица, Битола, Гевгелија, Кочани… И, не можеме да сватиме, зошто Охрид со својата долгогодишна традиција на секој план, не е доволно атрактивен за привлекување на странски директни инвестиции“, вели проф Славица Костоска, заменик раководителот на Центарот за комуникации на Вмро Дпмне, Охрид.  

Од општинската Вмро велат дека и понатаму ќе го прашуваат градоначалникот за се она што ги интересира граѓаните иако не очекуваат одговор бидејќи и досега не го добиле, вели Наташа Спасеска, портпаролот на партијата.

Од охридската Вмро тврдат дека стручни служби од оваа партија веќе прибираат материјали за изработка на Стратегија  за локален економски развој. Тие додаваат дека ќе се учат на грешките на актуелната локална власт со цел да не ги повторат.