Skip to main content

Вмро – Дпмне покрај градоначалникот, го прозва и директорот на Комуналец

Неодамна, донесениот Закон за јавна чистота и неговата примена  во градов беше темата на денешната прес конференција на Вмро – Дпмне.

 |  Валентина Нелоска  | 
Неодамна, донесениот Закон за јавна чистота и неговата примена  во градов беше темата на денешната прес конференција на Вмро – Дпмне.

Пратеничката Анита Кипаризовска Крстеска, се осврна на незаконското трошење на наменски средства наплатени од граѓаните по разни основи од страна  на ЈП „Комуналец“. Таа кажа дека не е дозволиво да се трошат пари собарани од ѓубретарина или погребални услуги за финансирање на чистење улици, поставување на канти за смет или уредување на паркови и зеленило.
Прaтеничката Кипаризовска Крстеска потенцираше дека општината  не размислува да ја зголеми буџетската ставка  за поголема комунална хигиена со што ќе се спроведат и  високите норми што ги бара законот.

sediste VMRO-DPMNEТоа се потврдува со фактот што на  дневниот ред на седницата на Советот закажана за 29 септември, се предвидени измени на буџетот, но за оваа намена нема ни денар. Затоа го прашуваат директорот на ЈП „Комуналец“ зошто молчи  кога на удар од неспроведување на законот е ова претпријатие. Спомнат беше и проблемот со непостоење на јавни тоалети во градот и игноранатскиот став на секторот за урбанизам за решавање на овој проблем. Кипаризовка Крстеска најави дека идниот градоначалник од нивните редови ќе ги промени работите. Таа е сигурна дека на претсојните локални  избори, победата ќе ја однесе нивниот кандидат  и ќе ја променат хигиенскат слика во градот.

Анита Кипаризоска Крстеска го избегна одговорот дали таа ќе се кандидидира за оваа функција на престојните  локални избори во 2009 година.