Skip to main content

Во Поградец, Албанија се одржа четвртиот состанок на билатералниот комитет за Охридското езеро.

Главна тема беа активностите што се преземаат за заштита на езерото, од страна на двете земји. Како што дознаваме министрите  за животна средина и просторно планирање  од Македонија, Јакупи и од Албанија, Џували покажале силна политичка волја да се заштити овој природен ресурс.
 |  Валентина Нелоска  | 
Ohridsko ezero
ohridsko ezero
Главна тема беа активностите што се преземаат за заштита на езерото, од страна на двете земји. Како што дознаваме министрите  за животна средина и просторно планирање  од Македонија, Јакупи и од Албанија, Џували покажале силна политичка волја да се заштити овој природен ресурс.

На средбата се постигнати неколку конкретни договори. Еден од нив  е преземање на заеднички проект за заштита на трската како еден важен филтер за квалитетот на водата, но и неколку дополнителни.  

Да се ревидира извештајот од 2002 година за состојбата на Охридското езеро, и да се забрза изградбата на колекторскиот систем од албанска страна, за што било ветено дека ќе биде завршен до март 2009 година.    

Dejan Panoski„Договорено е да се ревидираат и договорите и спогодбите кои ги наметнуваат  еколошките и економските услови кои почнаа да пречат  во заштитата на езерото“, вели државниот секретар од министерствот за животна средина и просторно планирање  Дејан Паноски.

На билатералната средба покрај двајцата ресорни министри Јакупи и Џували , учествувале и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, првите луѓе од Поградец и Бучима,но не и  Охридскиот градоначалник Петрески, кој како што дознаваме не отпатувал од оправдани причини.