Skip to main content

Рача ги разбранува советниците на Охрид

Донесувањето на ДУП за овој дел од градот на денешната седница предизвика жестоки дискусии. Седницата не можеше да започне поради несогласување на дел од советниците со нејзиниот дневен ред.

 |  Лионела Јаковлева  | 
opstina Ohrid
opstina Ohrid
Донесувањето на ДУП за дел од урбана заедница 16„Рача“ Урбан Блок 16.2 опфат 1 денес ги разбранува охридските советници. 57-та седница на Советот на општина Охрид поради оваа точка два часа неможеше да започне бидејќи не беше усвоен дневниот ред. Пратеничката група на Н.П. бараше таа да биде симната од дневен ред со објаснување, дека урбанистичките планови треба да се носат глобално, а не парцијално. Некои граѓани се фаворизирани за разлика од некои други кои со години наназад не можат да добијат локација, рече советникот Томе Гиноски.

Од Секторот за урбанизам потенцираа дека нема законска пречка за донесувањето на ДУП-от за делот од урбаната заедница 16 „Рача“.

sednica na sovet OhridБранко Арнаудов објаснува дека законот, дозволува парцијално донесување на плановите со урбанистички блокови и урбани модули. Тој додава дека овој начин се практикува во корист на граѓаните бидејќи во спротивно би биле потребни неколу десетици години за донесување на Генералниот урбанистички план. Иако предизвика бурни дискусии оваа точка не беше симната од дневниот ред. ДУП за Рача беше изгласан од страна на поголемиот дел советници.

Инаку на денешната седница се дискутираше и околу годишните извештаи за материјалното и финансиското работење  на Основните училишта од градов како и за Извештајот за реализацијата на Програмата за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Охрид. Точката за Предлог одлуката за утврдување на Нацрт деталениот урбанистички план за урбана заедница 2 дел од урбан блок 2.2 е одложена за некоја наредна седница.