Skip to main content

Охридските советници нема да расправаат за Законот за јавна чистота

Советниците нема да решаваат каде ќе бидат поставени јавните тоалети во градов. Секторот за урбанизам  изготвува проект каде тие ќе бидат лоцирани.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Советниците нема да решаваат каде ќе бидат поставени јавните тоалети во градов. Секторот за урбанизам  изготвува проект каде тие ќе бидат лоцирани.

На дневен ред на денешната седница на Советот на општина Охрид не се најде ниту една точка во врска со Законот за јавна чистота. Иако овој закон веќе две недели е на сила , а за негово успешно спроведување општината треба да одреди локации за јавни тоалети, советниците денес немаа можност да дискутираат за оваа проблематика.

Владо Чингоски, претседателот на советот на општина Охрид вели дека не бил поднесен никаков предлог од страна на ЈП Комуналец или од Секторот за урбанизам кои се задолжени за одредување на локациите за поставување садови за отпад и јавни тоалети.

sovesen graganinОд Секторот за урбанизам велат дека веќе прават анализа каде би биле лоцирани јавните тоалети во градов. За тоа нема да расправа Советот на општината бидејќи ќе биде изработен проект.

Законот за јавна чистота ја затекна општина Охрид, па по се изгледа уште долго време нема да може да исполни некои негови одредби, па може да биде санкционирана.

Инаку кога сме кај казните едно појаснување за граѓаните. Комуналниот редар или полицаец само врз основа на записник не може да изрече мандатна казна или да ја замени казната со општокорисна работа. Треба да се поведе постапка во основниот суд во градот каде е направен прекршокот. Лицето кое го прекршило Законот за јавна чистота има право да не ја признава вината па таа да се докажува на суд. Овој начин на граѓаните веќе им е познат при правењето на некој сообраќаен прекршок.