Skip to main content

Стопирана изградбата на куќа на улица „Климентска“

Општинскиот инспекторат  вчера ги стопира градежните работи на индивидуална куќа на улицата „Климентска“. Причината е констатирање отстапки  од дадената локација и недозволено навлегување во туѓ имот.

 |  Лионела Јаковлева  | 
gradezna zabrana
gradezna zabrana
Општинскиот инспекторат  вчера ги стопира градежните работи на индивидуална куќа на улицата „Климентска“. Причината е констатирање отстапки  од дадената локација и недозволено навлегување во туѓ имот. Граѓаните кои живеат во непосредна близина на овој објект веќе месеци наназад правдата ја бараат во институците на системот.

Павел Филев вели дека куќата покрај тоа што излегува од дозволената локација, се гради и врз остатоци на верски објект. „Триесетина години наназад на овој простор немаше никаков објект бидејќи на тоа место се наоѓаат остатоци од базилика“, објаснува тој. Пред речиси една година кога започнала изградбата на куќата тој бил вчудоневиден како сопственикот добил дозвола за градба.

sporna gradbaАрхеологот Паско Кузман пак тврди дека со изградбата на новиот објект не се доведуваат во никаква опасност остатоците од базиликата. Тој вели дека таа се граничи со едниот ѕид на куќата и додава дека вакви примери има многу во стариот дел на градот кој е ризница на верски или културни остатоци. Кузман потенцира, „Варош треба и понатаму да живее и  не можеме да забраниме  градби во овој дел од градот“.

Сепак останува општиот впечаток на граѓаните дека Варош  во последните десетина години енормно се гради,  а при тоа не се почитуваат стандардите кои беа пропишани за ова градско јадро со кое треба да се  запази автентичноста.