Skip to main content

Расте бројот на казнетите граѓани кои го прекршиле Законот за јавна чистота

Охриѓани заработија 67 казни за непочитување на Законот за јавна чистота.

 |  Валентина Нелоска  | 
kontejneri
kontejneri
Охриѓани заработија 67 казни за непочитување на Законот за јавна чистота.

Униформираните полицајци ги изрекле овие казни во рок од  една недела, од 22 септември кога на стапи на сила Законот за јавна чистота, па се до  29  септември. Но, само  два дена потоа  бројката достигна од 148 изречени казни. Од нив 4 се однесуваат на правни лица вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Три лица прифатиле да ја заменат казната со општокорисна работа.

Униформираните полицајци во земјава, пак за една недела напишале 537 казни за граѓаните кои го прекршиле законот по разни основи. Најголемиот дел од прекршоците 503 , се однесуваат на јавните површини, а 34 се сторени на отворен простор пред јавни објекти.

gubre ulicaНајмногу казни 217 се изречени за неправилно излагање на градежен материјал. За фрлање на  хартија ,мастики, амбалажа, земја ,песок и останати отпадоци надвор од определените места, казна заработиле 80 граѓани. За општо корисна работа, се пријавиле 193 граѓани. Според старосната структура на казнетите лица,  четворица прекршители биле малолетни лица, а  533 се  над 18 годишна возраст.  

Од 29 септември до вчерашниот ден, за само два дена, бројот на казните во земјава се зголемил и достигнал бројка дури  од 2.886 казни. Од нив  84 граѓани ги платиле казните,  а додека  830 се пријавиле казната да ја заменат со извршување на општокорисна работа. Законот за јавна чистота ги затекна неподготвени и некоординирани надлежните служби, а граѓаните добиваат впечаток  дека се казнуваат по  ненамерна селективност. Во градот засега единствено казнуваат униформираните полицајци, а локалната самоуправа се уште нема комунални редари.  Во тек е конкурс за примање на 3 лица кои ќе воведуваат комунален  ред.