Skip to main content

За пратеникот Владо Стефаноски се е шпекулација

Имињата кои се споменуваат како можни кандидати за претседатели на ОК на ВМРО ДПМНЕ и за идни градоначалници, за Владо Стефаноски се само шпекулација.

 |  Лионела Јаковлева  | 
zname VMRO
zname VMRO
Имињата кои се споменуваат како можни кандидати за претседатели на ОК на ВМРО ДПМНЕ и за идни градоначалници, за Владо Стефаноски се само шпекулација.

Пратеникот Владо Стефаноски и сеуште актуелниот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денес пред новинарите рече дека сите имиња кои се споменуваат како можни идни претседатели на Охридската ВМРО се само шпекулација. Тој вели дека изборот е во тек, но досега ниту еден кандидат не бил на интервју кај премиерот Груевски кој ќе одлучи кој ќе биде избран.

Стефаноски ги негира и гласините околу имињата на кандидатите за иден градоначалник од нивните редови. Меѓу охриѓани се споменуваат  тројца активисти на ВМРО и тоа Дејан Паноски, Цветко Грозданов и Владо Стефаноски.

Vlado StefanovskiЗа две недели или најкасно до крајот на месецов ќе се знае кој ќе биде првиот човек на ОК на ВМРО ДПМНЕ, а за да се предложи кандидат за градоначалник треба да се направат поопсежни анализи и анкета на  граѓаните од која ќе се види за кого тие претендираат.

 Инаку Скопска  агенција  за  испитување на јавното мислење деновиве во Охрид спровела телефонска анкета со цел да се види кој од можните кандидати од двете најголеми партии има највисок рејтинг кај охриѓани. Меѓу кандидатите било и името на актуелниот градоначалник Александар Петрески, а од ВМРО ДПМНЕ биле Цветко Грозданов и Анита Кипаризовска,-Крстеска. Во анкетирањето биле опфатени околу 800 граѓани од различни делови на градот. Оваа информација и од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ ниту ја отфрлаат ниту ја потврдуваат.