Skip to main content

Македонија нема повеќе да биде складиште за туѓ радиоактивен отпад

Од сега па натаму македонските цариници ќе знаат што да прават со радиоактивниот отпад доколку таков се затекне на царинските терминали. Нема повеќе толеранции за никого, велат од Агенцијата за радиоактивна сигурност.

 |  Лионела Јаковлева  | 
atomska energija
atomska energija
Од сега па натаму македонските цариници ќе знаат што да прават со радиоактивниот отпад доколку таков се затекне на царинските терминали. Нема повеќе толеранции за никого, велат од Агенцијата за радиоактивна сигурност.

Македонските цариници ќе се учат како да се однесуваат кога на царинските терминали ќе откријат радиоактивен отпад. Досега во вакви ситуации процедурата што се спроведувала била нејасна па поради тоа радиоактивниот отпад и по неколку денови чекал на некој од терминалите. Не беше многу одамна кога камион со радиоактивен отпад се обиде преку Косово да влезе во Македонија со цел да стигне до Грција. На  субрегионалниот курс кој деновиве се одржува во Охрид ќе се постават правилата како да се постапува во вакви и слични ситуации, вели, Румен Стаменов, директорот на Агенцијата за радиоактивна сигурност

hotel MetropolТој објаснува дека за решавање на проблемот со радиоактивниот отпад треба заедно да соработуваат сите земји од регионов. Во оваа област, потенцира Стаменов, нема привилегирани и потчинети. „ За сите мора да важат исти паравила, а не како досега што соседите сакаа да ни го подметнат својот радиоактивен отпад. Многупати камиони со ваков товар илегално се обидуваа да ја преминат границата со цел да транзитираат низ Македонија“, кажува Стаменов.

Инаку во моментов во Македонија постојат три приватни складишта за радиоактивен отпад кои ги исполнуваат сите потребни услови, но сеуште нема државно складиште за што во блиска иднина треба сериозно да се размисли, потенцира Стаменов.