Skip to main content

Охрид се попривлечен за црногорците

Се обновува соработката помеѓу туристичките работници од градов и од познатите туристички центри во Црна Гора.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Ohridsko ezero
Ohridsko ezero
Се обновува соработката помеѓу туристичките работници од градов и од познатите туристички центри во Црна Гора.

„Пред дваесет години имавме голема туристичка размена “, вели Зоран Илиќ извршниот директор на познатиот хотел „Старс“ од Будва. „Минатово лето голем број туристи од Македонија летуваа кај нас, а и многу црногорци уживаа во убавините на Охрид. Недостасува само поголема пропаганда за понудата на вашиот град и подобра инфраструктура за Охрид да биде една од најбараните дестинации од страна на нашите граѓани“, објаснува Илиќ.

investitori Crna GoraСо црногорските туристички работници кои се наоѓаат во Охрид средба остварија некои претставници од охридските хотели. Разменија искуства и побараа совети како да се постигне нивото во туризмот на кое сега се наоѓа Црна Гора.

Вакви средби планирано е да се реализираат и во иднина кога претставници од Македонија, а пред се од Охрид ќе ги посетат најголемите туристички центри во Црна Гора со цел да се запознаат со нивниот начин на работа во делот на туризмот.