Skip to main content

Низ градов се поставуваат контејнери наменети за ПЕТ амбалажа

Комуналец низ градов постави 39 контејнери наменети за ПЕТ амбалажа. На тој начин ќе се врши селекција на пластичниот отпад, а ова јавно пртпријатие ќе го подига и продава.

 |  Лионела Јаковлева  | 
kontejneri
kontejneri
Комуналец низ градов постави 39 контејнери наменети за ПЕТ амбалажа. На тој начин ќе се врши селекција на пластичниот отпад, а ова јавно пртпријатие ќе го подига и продава.

39 контејнери наменети за ПЕТ амбалажа, деновиве се поставуваат низ градовод страна на ЈП Комуналец. Ова е дел од проектот за селектирање и рециклирање на пластиката, подржан  од УСАИД, а целта е создавање механизми за примарна селекција и рециклирање на пластичен отпад.

„Комуналец е подготвен за подигање, собирање, делумна обработка и складирање на ПЕТ отпадот“, вели директорот Боро Павлоски.

kontejneri„Ова јавно претпријатие има обезбедено привремен склад и има набавено преса со која ќе ја обработува амбалажата, објаснува тој. Со специјално возило редовно ќе се подига отпадот, но сеуште не сме подготвени да вршиме и негово рециклирање“, додава Павлоски.

Инаку, на 19 јуни оваа година Проектот за рециклирање на пластика УСАИД и Општина Охрид потпишаа Меморандум за разбирање. Реалните резултати од овој проект се очекува да се видат за две до три години.