Skip to main content

„Хуманоста на Тоше наш патоказ“

„Хуманоста на Тоше наш патоказ“, со ова мото помладите охриѓани ја одбележаа годишнината од трагичната смрт на Тоше Проески.

 

 |  Лионела Јаковлева  | 
crtez Tose
crtez Tose
„Хуманоста на Тоше наш патоказ“, со ова мото помладите охриѓани ја одбележаа годишнината од трагичната смрт на Тоше Проески.

И после една година солзите не пресушија. Велат времето лечи се, но не и тагата по нашата музичка звезда и голем хуманист, Тоше Проески. Охриѓани уште еднаш се обидоа да му покажат на Тоше дека секогаш ќе го сакаат и почитуваат неговото дело.

edna godina smrt ToseДенес на градскиот плоштад одекнуваа звуците од песните кои ги изведуваше Тоше. Децата од основните училишта во градов во организација на Црвениот Крст организираа забава под мотото „Хуманоста на Тоше наш патоказ“.

Годишнината од смртта на Тоше се поклопува со Светскиот ден за борба против гладта па со тоа уште повеќе се потенцира хуманата димензија на овој наш голем уметник.

Децата велат- „Тоше ги имаше сите човечки епитети и ние ќе го следиме неговиот пример по патот на хуманоста“.

 

 

Една година без Тоше